Седумнаесетмесечната Азалеа Гилај, од Вандсворт, Лондон, веќе има над 13.000 следбеници на Инстаграм, што ја прави еден од најмладите модни инфлуенсер без наполнети две години.
26-годишната Суела Гилај и нејзиниот сопруг, 28-годишниот Фабиан, од раѓањето на својата ќеркичка Азалеја Елезај ѝ купуваат скапоцена брендирана облека, па ова 17-месечно девојче во својот плакар има парчиња од дизајнерските куќи Гучи, Версаче, Бурбери и Живанши.
Суела, која го одржува профилот на својата ќерка, честопати наидува на коментари од луѓе кои мислат дека ја користи својата ќерка за самопромоција и ја облекува во прескапа облека.
„Ја облекувам како што се облекувам и самата. Кога ја гледам, се гледам себеси и сакам таа да биде мојата најдобра минијатурна верзија“, објаснила оваа мајка со лондонска адреса.
Таа вели дека нејзината мала ќерка сака да позира, иако не е секогаш во добро расположение.
„Луѓето ја следат затоа што сакаат да видат што носи. Од различни модни брендови ѝ испраќаат подароци, а голем дел од дизајнерската облека на фотографиите се подарок или се купени на попуст. Се плашам само дека нема да биде среќна заради тоа што го правам кога ќе порасне, но се надевам ќе разбере дека само го сакам најдоброто за неа“, додава Суела.
Фото: @faabsuu/CATERS NEWS