Проверете ја колекцијата играчки на вашето дете, некои од нив може да вредат милиони

Барби стана еден од омилените колекционерски предмети меѓу љубителите на играчки, а специјалните, ограничени изданија се особено на цена. Така, куклата „Stefani Canturi“ била продадена во 2010 година за 231.000 фунти,

0
315

Можеби е време да ископате некои од одамна заборавените (ваши и детски) играчки што сте ги оставиле некаде, затоа што можеби тука се крие вистински рудник за злато.

За многу деца, колекциите како играчките Hot Wheels или картички со омилените фудбалери беа најскапоцените работи што ги поседуваат, а изгледа дека тоа може да биде случај дури и сега. Имено, некои играчки можат да вредат вистинско богатство, такашто колекционерите се подготвени да издвојат импресивни суми за нив.

Според експертите од одделот за играчки на OnBuy, стриповите, играчките автомобили и колекционерските картички се некои од највредните играчки денес.
Автомобилчињата на „Hot Wheels“ можат да вредат и до 134 илјади фунти
Се разбира, оваа цена може да се постигне само со најретките примероци. За 134.000 фунти беше продадено розово комбе „Hot Wheels“ од 1969 година, познато како Rear-Loading Beach Bomb.

Колекционерските карти можат да достигнат неверојатни 2,9 милиони фунти.
Точно ова е сумата за која била купена најскапата. Станува збор за сон на секој колекционер – бејзбол карта од 1909 година која го прикажува Хонус Вагнер, бејзбол играч кој важи за еден од најдобрите играчи на сите времиња.
Но, тоа не е единствената вредна карта. Меѓу најбараните се и некои картички Ју-Ги-Ох и Покемон.
Стриповите исто така можат да се продадат и за 2,4 милиони фунти.
Благодарение на развојот на технологијата, стриповите станаа непопуларни кај помладите генерации, но тоа не значи дека нивната вредност се намали. Всушност, во 2014 година првото издание на Action Comics од 1938 година се продаде на eBay за нешто повеќе од 2,4 милиони фунти, а продавачот првично воопшто не бил свесен какво богатство се крие во неговата колекција и ставил почетна цена од смешни 76 пени (околу 50 -60 денари).

Па, ако имате некој примерок од стриповите Detective Comics, Amazing Fantasy или Marvel, би било паметно да ја проверите неговата вредност.
Барби куклите достигнуваат цена до 231 илјади фунти. Дури и ние имаме колекционерка на овие кукли. Ана Секуловска ја претстави својата колекција на Барбики минатата година во просторот на тогашната галерија „Колектив“, веднаш над ресторанот „Колектив“.

Барби стана еден од омилените колекционерски предмети меѓу љубителите на играчките, а специјалните, ограничени изданија се особено на цена. Така, куклата „Stefani Canturi“ била продадена во 2010 година за 231.000 фунти, а колекционерите се подготвени да издвојат огромни суми пари за оригиналните Барби, Марија Антоанета Барби од 1959 година и јубилејната Пинк Барби.

Fairy of the Forest Barbie, произведена во 2000
Barbi fashion photo 2001

Beanie Babies достигнуваат цена до 458.000 фунти, Станува збор за линија на полнети играчки создадени од американскиот бизнисмен Х.Ти Ворнер, кој го основа Ty Inc. во 1986. Интересно е што овие играчки се полнети со пластични пелети наместо со вообичаеното меко полнење, што овозможува флексибилно чувство. Тие доаѓаат во различни форми, но најчесто тие се тоа ликови на животни.
Беа особено популарни во 90-тите, а најскапата колекција играчки на Beanie Babies се продадоа за импресивни 458 000 фунти, пишува The Sun.

Фото: PS visuаlart

[better-ads type='banner' banner='999' ]