Работи за кои треба да разговарате со вашиот партнер пред да одлучите да имате дете

Пред да одлучат да забременат, многу двојки не дискутираат за најосновните теми околу одгледувањето дете. Прашањата поврзани со финансиите и религијата се две од најголемите тешкотии за врската по раѓањето на детето. Еве кои прашања треба да си ги одговорат партнерите пред да се обидат да го прошират семејството.

0
133

„Наместо да се надеваме на најдоброто и да се водиме од ставот дека сѐ ќе сфатиме во од, би било одлично кога јасно би знаеле што да очекуваме“, вели психологот Џени Таиц, еден од тројцата експерти со кои порталот Инсајдер разговараше на оваа тема.

Еве некои од прашањата што треба да му ги поставите на партнерот пред да одлучите заедно да имате дете.

Дали сакаш да имаш деца и зошто?

„Можеби изгледа очигледно и можеби мислите дека го знаете одговорот, но клучно е ова прашање да му го поставите на вашиот партнер директно“, вели Рејчел Бењамин, брачна терапевтка која се фокусира на прашања поврзани со мајчинството.

Според неа, ова прашање често им дава на двојките важна перспектива, како на пример дали тие имале добри односи со сопствените родители или дали имале проблематични врски поради кои се чувствуваат загрижено и неподготвено за деца.

Покрај тоа, важно е да се зборува за тоа колку деца би сакале да имате, како сакате да ги одгледувате и какви одговорности планирате да преземете.

Како изгледаше твоето детство?

Зборувањето за тешки настани во детството е клучно, бидејќи им помага на луѓето да се запознаат на ниво што можеби сè уште не го истражиле. Исто така, нуди разбирање за она што секое од овие лица би можеле да донесат во родителството.

Кои се твоите најголеми стравови во врска со улогата на родител?

Покрај вообичаените стравови, како што финансиски проблеми, понекогаш луѓето чувствуваат и други стравови за кои е важно да се зборува. На пример, по искрен разговор за стравувањата, двојката можеби ќе сака да зборува и за пренатални тестирања.

Што мислиш за пренаталното тестирање или за абортусот на дете на кое му е дијагностицирана медицинска состојба што го загрозува животот на мајката или детето?

Овие се многу тешки прашања за кои многу луѓе не се согласуваат. Затоа е важно навреме да разговараме за нив.

Што мислиш за вештачко оплодување и посвојување?

Време е да откриете дали вашиот партнер е подготвен да помине низ физички, емоционални и финансиски предизвици поврзани со ова или дали тој или таа би биле подготвени да тргнат на патот на посвојувањето.

Како би изгледале нашите финансии откако ќе пристигне бебето?

Ова не е лесно да се предвиди, но експертите препорачуваат барем да зборуваат за тоа како да заштедат пари и кои видови на трошоци се приоритет за секој партнер.

Каква улога би имала религијата во воспитувањето на нашето дете?

Ако вашиот партнер почитува друга религија, прашајте го дали би размислил да воспитува дете во двете вери, само во едната, или во ниту една. Исто така, треба да го прашате вашиот партнер за специфичните процедури и ограничувања, советува „Инсајдер“. На пример, разговарајте за крштевањето, ако е тоа дел од вашата вера.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]