Музиката е прекрасна форма на магија. Во својата суштина, таа е комплексен свет преполн со големи таленти и слатки звуци. Музиката е составен дел од секојдневниот живот што секогаш нè следи. Секој период во нашите животи може да се поврзе со некои ноти кои ги нанижале некои генијалци. Секој од нас го обликувала привлечноста на музиката, и без оглед на возраста – секој има омилени песни на кои секогаш им се враќа.
Научниците кои го испитуваат влијанието на музиката врз развојот на детето се согласуваат дека тој игра суштинска улога кога станува збор за градење на личноста. Најмногу заради тоа што музиката е одличен медиум на самоизразување.
Моќта на музиката е најлесно да се забележи ако се набљудува процесот на учење, развојот на когнитивни и организациски вештини.
Музиката го помага развојот на говорот
Воведувањето музика во животот на вашето дете треба да започне уште во рана возраст, особено ако сакате вашето дете да знае да ја цени и класичната музика. Од моментот кога детето се зачнува до запишувањето во средно училиште, родителот има улога да го воведе своето дете во светот на класичната музика. Класичната музика го стимулира учењето, а фетусот развива слух уште во дваесеттата недела од бременоста.
Полесно се совладува математиката
Уживањето во музика помага и во разбирањето на математиката. Учење на ритамот е тесно поврзано со множење, со делови, целини и пропорции. Овие наводи се потврдени со резултатите од неодамнешното истражување спроведено на Универзитетот Ирвин во Калифорнија.
Неуралната музикологија е гранка на науката која се занимава со проучување на музиката и нејзиното влијание врз менталниот развој. Горенаведените истражувања упатуваат на тесна поврзаност помеѓу музиката и развојот на логиката во просторот и времето, што е неопходно за совладување на виша математика и физика.
Се развива интелектот
Музиката во основа е комплексна структура која се повторува, и сето тоа му погодува на развојот на моториката, чувството за вид и слух, координацијата, концентрацијата и меморијата. Истражувањата покажале дека учениците кои слушаат класична музика додека учат, полесно ја паметат и репродуцираат научената содржина во споредба со учениците кои учат во тишина.
Музиката исто така многу влијае на нашата емоционална состојба и самодоверба. Секако, како и сè друго во животот, музиката треба внимателно да се избере затоа што не е секој вид музика ист!
Такашто, ве молам да не се разбереме погрешно, тука дефинитивно не станува збор за турбофолк. Станува збор за музика!
Фото: Pixabey