Ништо не може да ги разнежни родителите како насмевката на нивното бебе. Експертите велат дека бебињата почнуваат да се смеат кога имаат три месеци, а кога ќе наполнат половина година, почнуваат гласно да се смеат. Но, за да го насмеете вашето бебе, треба да остварите директен контакт со него. Избегнувајте цртани филмови, подобро обидете се сами да го забавувате, со мимика, игри, имитација, глума …
Не се стеснувајте да бидете гласни, да се смеете и да му зборувате додека играте со него. Значи, кога вашето бебе ќе ви ја даде првата насмевка, зависи од вас. Ако до четвртиот или петтиот месец не сте забележале дека вашето бебе се смее, тогаш треба да го однесете кај педијатар.
Фото: Pixabey