Плачењето е и за момчиња

Пред да му ги кажете на вашиот син оние зборови, дека машките не плачат, застанете....Еве зошто и момчињата треба да ги изразуваат своите емоции

0
60

Од малечки момчињата се учат дека треба да ги потиснат своите чувства, дека не се „машки“ ако плачат или се жалат. Иако многумина мислат дека тоа ќе ги зајакне нивните синови, истражувањата велат дека всушност има спротивен ефект. Еве четири причини зошто е важно да се одгледуваат момчиња кои знаат да ги изразат своите емоции, но и да излезат на крај со нив.

Зошто момчињата треба да ги изразат своите емоции?

Бидејќи и момчињата имаат емоции 

Обично се смета дека девојчињата се поемотивни од момчињата, но реалноста е дека и момчињата се соочуваат со големи чувства исто колку и девојчињата. За жал, Greater Good Magazine пишува дека момчињата се одгледуваат во „свет со потесен распон на емоции“, кадешто се дозволени или дури и се охрабруваат само специфични емоции како што е лутината, што доведува до занемарување на другите поранливи чувства како што е тагата.

Бидејќи емоционалното потиснување може да доведе до негативно однесување

Истражувањата сугерираат дека мажите кои ги потиснуваат своите емоции се склони кон однесувања како што се злоупотреба на супстанции и насилно однесување, што може да биде предизвикано од недостаток на вештини за регулирање на емоциите кои се развиваат кога на момчето му е дозволено да ги изрази своите емоции, пишува Greater Good Magazine.

Бидејќи емоционалното потиснување има трајни ефекти врз менталното здравје

Д-р Џејмс О’Нил, професор по психологија, кој со години го проучувал животот на мажите, вели дека „емоционалното ограничување“ доведува до повеќе нездрави исходи, вклучително и психолошки стрес и напнатост, ниска самодоверба, депресија. вознемиреност и негативен став кон барањето помош од други.

Бидејќи тоа помага да се изгради отпорност

Во една статија за Motherly, Дебора Мекнамара, авторка на Rest, Play, Grow: Making Sense of Preschoolers (Or Anyone Who Acts Like One), вели дека овозможувајќи им на децата да патуваат со своите „големи и вознемирувачки“ емоции помага да се создаде „вистинска отпорност“ што значи да научат како да се справат со стресот и со проблемите што животот може да ги донесе.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]