Креативнa учителка ја трансформирала училницата за да биде поприфатлива за децата во новата ситуација

Еве како постапуваат учителите за кои нивната професија не е само работна задача. И не е возможно само затоа што е ова во некое американско училиште или градинка, сеедно, па за истото требаат многу средства. Многу повеќе е до желбата и волјата да се направи нешто повеќе од она што е во описот на работното место.

0
324

Одењето на училиште и во градинка се промени засекогаш заради епидемијата на коронавирусот. Училиштата и градинките се затворени со недели, наставата во цел свет се одржуваше онлајн, а децата ширум светот сега се подготвуваат да се вратат на училиште.

За да не бидат исплашени поради новонастанатите услови и неопходноста од одржување на социјална дистанца, една учителка во градинка во Америка решила да ја искористи својата креативност и да ја трансформира училницата.

Учителката Пирсон ги претворила клупите во шарени возила за да ги заштити децата, како и самата себе.

„Играта е забранета, маските се носат цел ден, сите мора да се држат на дистанца од два метри. Кога ќе ги прочитате сите тие правила за однесување што треба да ги следат децата, училиштата сега изгледаат како застрашувачко место. За среќа, има учители како Џенифер Бирч Пирсон од Тексас кои ‘ќе направат лимонада од кисели лимони’ и ќе ги направат училниците поудобни за нашите мали ученици“, напишала мајката и блогерка Гејл Хофер-Лојбл, која ја објавила и фотографијата од иновативната идеја на учителката на Фејсбук.
Фотографијата е споделена повеќе од 20,000 пати и многу родители посакале и нивните деца да ги пречека нешто слично по нивното враќање на училиште.

Фото: Фејсбук

[better-ads type='banner' banner='999' ]