Бебето никогаш не е премногу мало за да си играте со него

Нашата соработничка Елена Трајческа дипл. специјален едукатор и рехабилитатор, со препораки за учење и развој низ игра на бебињата од 0 до 12.месечна возраст.

0
269

Напредувањето кај децата на возраст од 0 до 12 месечна возраст најдобро се забележува преку развојот на грубата и фината моторика, развојот на сетилата, говорно-јазичниот развој и социо-емоционалниот развој.

Следуваат активности преку кои може да се потпомогне развојот на децата низ игра:

Од 0 до 2 месечна возраст

Потпрете го детето на градите и практикувајте допир кожа на кожа.

Оставете го бебето самостојно да си игра додека лежи.

Дајте му играчки кои произведуваат звуци, но тие звуците да не бидат јаки.

Полека движете ти нозете на бебето како да вози велосипед.

Полека плескајте со рацете на бебето.

Правете најразлични изрази на лицето.

Од 2 до 3 месечна возраст

Дајте му на бебето различни играчки со јаки бои, но не повеќе од три.

Пејте и разговарајте со бебето.

Посветете дел од своето време за гушкање со вашето бебе.

Играчките поставете ги малку подалеку од бебето, но сепак доволно блиску за тоа да може да ги дофати.

Од 3 до 4 месечна возраст

Пејте песнички и зборувајте со бебето такашто ќе опишувате сѐ што правите.

Поставете му огледало на бебето за да може да се види.

Дајте му да си игра со играчки од различен материјал, кои се со различно полнење.

Од 5 до 6 месечна возраст

Играјте со топки.

Вадете и ставајте играчки во кутија.

Дајте му играчки кои кога ќе притисне на копче, произведуваат звук.

Дувајте балончина од сапуница.

Дајте му на бебето играчки и предмети кои ќе ги истражува.

Од 7 до 8 месечна возраст

Земете му ги играчките за да му го привлечете вниманието.

Дајте му играчки со различна текстура.

Направете му на бебето тунел низ кој ќе може да лази.

Од 9 до 10 месечна возраст

Играјте со бебето такашто ќе му ја криете играчката под прекривачот, а тоа ќе треба да ја најде.

Пејте песнички и играјте си со бебето.

Играјте со топка, такашто ќе ја тркалате напред назад.

Дајте му на детето да истражува разни материјали и текстури.

Редете кругови еден врз друг.

Од 11 до 12 месечна возраст

Цртајте со боички или фломастери.

Нагласувајте ги зборовите (големаааа топкаааа).

Дајте му на бебето нека си игра со предмети од кујната додека вие спремате јадење.

Направете му на бебето мали препреки по собата.

Играјте со вода, претурајте од една чинија во друга.

Редете сложувалки.

Редете предмети по форма и по основни бои.

Редете коцки една врз друга како да правите зграда, па рушете ги. Децата најдобро учат низ игра, затоа одвојте од вашето слободно време и играјте и забавувајте се со вашите деца.

Елена Трајческа дипл. Специјален едукатор и рехабилитатор, Интеракција Плус, Скопје

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]