Правилото 3-6-9-12 ќе ги спаси вашите деца од лоши работи

Експерти од сите земји се здружуваат во напор да ги сочуваат новите генерации, но волшебната формула сè уште не е откриена

0
561

Нашите деца се сè позависни од Интернет, а во светот тоа отишло толку далеку што наголемо се отвораат клиники за лекување. Експерти од сите земји се здружуваат во напор да ги сочуваат новите генерации, но волшебната формула сè уште не е откриена.

Но, правилото 3-6-9-12 може да помогне. Дотогаш австралискиот кралски колеџ за педијатрија предложил решение. Експертите од оваа институција сметаат дека децата не би требало да се запознаат со Интернет-уредите пред тригодишна возраст. Дури и по тој период, би требало да постои ограничување од најмногу еден час на ден.

Тие, всушност, го сугерираат правилото 3-6-9-12, како модел за здрава употреба на современите облици на комуникација:

– Нема употреба на компјутери и телефони до 3-годишна возраст.

– Нема интернет до 6-годишна возраст.

– Забрането е играње игри пред 9-годишна возраст.

– Не дозволувајте им да бидат на социјалните мрежи пред 12-тата година.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]