Се разбира, намерата на повеќето родители од самиот почеток на животот на нивните деца, девојчиња или момчиња, е да ги воспитаат во пристојни луѓе, кои ќе ги почитуваат другите, но и да знаат како да се грижат за себе. Но, што е со родителите на девојчиња чие воспитување оди во насока на „идеална девојка“.
Беспрекорно љубезна и пристојна личност, која не смее да направи ниту една грешка или да се дружи со, за нив, „погрешни луѓе“. Ваквото воспитување понекогаш може да има спротивен ефект, па дури и штетни резултати, пренесува Bright Side.
1. Градењето трајни врски може за неа да биде проблем
Секој сака грижлив пријател. Оној на кој може да му се обратат кога ќе имаат потреба и на кој можат да сметаат. Но, ако сте премногу фокусирани да ги задоволувате другите луѓе, да бидете секогаш таму за нив и да „скокате“ на нивниот прв повик или порака, добри се шансите вашите пријатели да „трчаат“ кај вас само кога ќе им треба помош. Затоа, ако го одгледате малото девојче во такво светло, истото може да се случи и со неа. Како резултат на ова, повеќето односи, без разлика дали се пријателски или романтични, стануваат лажни и претставуваат еднонасочна улица.
2. Луѓето можеби нема да ѝ веруваат
Бидејќи можете да го одгледате вашето мало девојче да биде несебично, луѓето можеби ќе започнат да ја сметаат за несигурна. Ова често се случува во денешниот свет затоа што другите луѓе понекогаш сметаат дека има некој друг краен мотив зад нејзината автоматска љубезност. Не само што кон неа ќе пристапуваат со сомнеж, туку може да ја сметаат и за „слаб карактер“ затоа што е секогаш послушна кон другите и нема свој став.
3. Таа нема да има премногу време за себе
Постои изрека дека за да можете да им помогнете на другите, прво мора да знаете како да си помогнете сами на себе. Проблемот кај „премногу добро воспитаните“ луѓе, особено девојчињата, е што тие честопати ги ставаат другите и нивните грижи пред своите. Значи, ако ја воспитате како совршена девојка, несебична личност, таа ќе продолжи да ги прави овие напори во иднина и речиси секогаш ќе се обидува да им угодува на другите. Затоа, нема да има време да биде љубезна со себе и многу е веројатно дека ќе ги стави своите потреби и желби на пауза и настрана.
4. Ќе можат лесно да ја манипулират
Бидејќи е премногу сочувствителна и се грижи за сите, вашата ќерка може да стане наивна и можеби нема да може да ги забележува штетните ситуации и несоодветните околности за неа. Ова им дава можност на другите луѓе да ја контролираат, односно да ја искористат нејзината добрина и љубезно срце. Постојаната желба да ги задоволи другите и да биде љубезна, исто така, може да ја доведе во опасност да биде злоупотребена или да ѝ биде тешко да каже „не“ на она што некој ѝ нуди.
5. Постојат и опасности од проблеми со менталното здравје
Актот на постојано давање на себе може да се покаже исцрпувачки. Едно лице може да ги скрие своите замор и тага зад насмевка, но задоволувањето на другите и недобивањето ништо за возврат, со време ќе влијаат на нејзиното ментално здравје. Но, во страв од признавање, тогаш сите емоции можат да ги држат во себе, а тоа може да резултира со вознемиреност, депресија или други видови на зависности како прејадување.
Фото: Pixabey