Тригодишни деца во пубертет: Дали родителите ги создадоа овие „тинејџери“?

Прочитајте пет причини зошто ние родителите сме одговорни поради тоа што покрај себе имаме мали тинејџери

0
475
Некое време сите зборуваа за терминот ‘terrible twos’, но сега сè повеќе читаме за малите тинејџери поради кои родителите плачат во ќош и понекогаш не знаат што да направат. Зошто не бевме предупредени? Овие изрази дури и не постоеја до неодамна, а зошто? Затоа што сме ние одговорни за нив. Така е, ние – родителите, создадовме „тинејџери“, а еве и доказ за тоа.

Колумнистката Сузан Тејлор напиша интересен текст за Babyology во кој наведува зошто денес понекогаш ни се чини дека децата од градинка се однесуваат како да се во пубертет. Таа наведува пет различни причини и објаснува како живеат денешните деца и што се сменило во последните децении.

1. Разгалени со изборите

Децата пред педесет години немале куп облека во плакарот. Имале неколку парчиња облека што се переле одново и одново, се поправале и се носеле одново и одново. Поради ова, пресоблекувањето на облеката по сто пати или изливи на бес поради облеката не можеле ни да се случат.

Истото важи и за храната. Родителите немале 10 различни видови снегулки во оставата, ниту можеле да изберат што ќе се готви за ручек. Јадењата биле поедноставни, се готвеле сезонски намирници или тоа се имало во моментот. Од четки за заби и играчки до книги и пијалоци – модерните тригодишни деца едноставно имаат премногу избори. Не е ни чудо што не можат да се одлучат.

2. Слобода на избор

Поранешните генерации не биле прашувани што би сакале да прават или да имаат. Мама и тато ги носеле сите одлуки, па зошто тогаш одеднаш почнавме да ги испрашуваме нашите малечки што сакаат? Тие дури и не знаат кој ден е, а камоли што сакаат. Дури и ако мислат дека знаат, обично е нешто што не е добро за нив (чоколадо за вечера?). И, откако ќе им понудиме слобода на избор, одеднаш се обидуваме да им го одземеме и тоа доведува до нервен слом и излив на гнев. И тогаш родителите се оние кои „страдаат“ затоа што веднаш штом ќе му дадеме на тригодишник чувство на моќ – тој ќе се обиде да биде „газда“ секој ден, без оглед на тоа што ќе го кажете вие.

3. Претерана стимулација

Малите деца постојано ги забавуваат. Телевизорите се поголеми, играчките имаат повеќе светла, звуци, дури и се движат сами. Екраните и игрите се насекаде околу нас, родендените, празниците и прославите станаа поотмени, а времето за игра никогаш не било погласно. Додадете ги на ова активностите како танцување, пливање, фудбал и вашето тригодишно дете е преоптоварено со постојана активност.

4. Третирани како рамноправни

Терминот „тинејџер“ не постоел во 70-тите и 80-тите години и погодете што? Не постоело ниту ‘babyccino’. Кој мислеше дека ќе биде добра идеја да ги носиме децата на ‘кафе’ и да им даваме напиток со пенливо млеко и чоколадо што треба да изгледа како кафе? И покрај тоа што станува збор само за пенливо млеко, изненадени сме што тригодишниците станаа дрски? Тоа е исто како да ги водиме малите девојчиња на маникир. Во нивните очи, ние ги третираме рамноправно и во нивната глава е едноставно природно да „полудат“ кога одеднаш ќе им ја одземеме оваа илузија.

5. Високи очекувања

Има многу непотребен притисок врз малите деца, во споредба со децата од претходните децении. Родителите сакаат најдобро за своите деца и ги охрабруваат да учат, да пробуваат нови спортови, нови активности. Што се случи со фактот дека на децата треба да им се дозволи да учат и да се развиваат во свое време, а не да се грижат за тоа што би требало и што другите деца можат и прават?

Насмевнете се и издржете

Ако навистина размислите, многу непријатни ситуации со ‘тинејџерите’ би можеле да се избегнат кога би живееле поедноставен, помалку модерен живот и кога би се воделе со некои родителски совети од постарите генерации. Следниот пат кога ќе помислите „не можам повеќе“ додека вашето дете ќе има уште еден во низата испади, сетете се дека ние самите создадовме вакви деца и сега едноставно треба да се помириме со тоа и да го издржиме тоа лудо возење. Со среќа!

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]