Ова се најчестите заблуди за исхраната на најмладите. Дали стигнаа и до вас?

Голема заблуда е дека консумацијата на т.н. супер намирници ќе може да обезбеди силен имунитет и добро здравје. Поединечно, ниту една храна не може да го обезбеди ова, туку комплетна исхрана која мора да биде разновидна и да се заснова на зеленчук и овошје, мешунки, влакнести намирници, интегрални житарки и јаткасто овошје.

0
239

Правилата за исхрана за најмалите се променија многу од времето кога бевме деца. Многу намирници што не се користеле тогаш сега станаа популарни и се промовираат како исклучително здрави, а некои од нив порано не се препорачуваа за деца. Затоа не чуди тоа што родителите се збунети од сите правила со кои се среќаваат, од списоците со намирници што треба да им се дадат на најмладите, но и оние што треба да се избегнуваат.

Суперхраната (не е) гаранција за добро здравје

Во последно време многу се зборува за „супер храна“ чија потрошувачка обезбедува силен имунитет и добро здравје. За да може храната да се класифицира во таа категорија, треба да биде богата со витамини, минерали, антиоксиданти, растителни влакна и други хранливи материи. Оваа група вклучува, меѓудругото, темно зелен лиснат зеленчук, бобинки, јајца, лосос, маслиново масло …

Сепак, голема заблуда е дека консумацијата на такви намирници, без оглед на тоа каква е инаку исхраната на детето, ќе може да обезбеди силен имунитет и добро здравје. Поединечно, ниту една храна не може да го обезбеди ова, туку комплетна исхрана која мора да биде разновидна и да се заснова на зеленчук и овошје, мешунки, влакнести намирници, интегрални житарки и јаткасто овошје.

Појадокот не треба никако да се прескокнува

Секој оброк е подеднакво важен кога станува збор за децата, па затоа е неопходно да се посвети посебно внимание на она што им се нуди за секој од нив. Исто така, никогаш не треба да го присилувате детето да појадува, но само ако тоа се случува понекогаш. Ако избегнувањето на појадокот станува правило, треба да се направат тестови на крвта за да се утврди дали апетитот исчезнал поради здравствени причини.

Кога детето наутро нема апетит и јаде нормално подоцна во текот на денот, тој оброк нема да ја наруши рамнотежата во организмот. Родителите, од страв дека детето ќе го прескокне појадокот, му нудат бисквити, засладени житарки или чоколадни снегулки со млеко, за да „каснат барем нешто“. Но, покорисно е да почекате еден час или два, за вашето дете да ви побара да јаде, но нешто од спектарот на здрави намирници.

Во исхраната на детето мора да бидат застапени и шеќери

На децата им е потребен шеќер, но никако не индустриски шеќер, кој не е добар за никого, а особено не за организмот што сè уште се развива. Ако понекогаш додадете малку шеќер во оброкот на детето, за полесно да ја јаде храната која не му е омилена, или ако му дадете слатки на крајот на оброкот, само ќе му направите одбојност кон овошјето и здравите слатки.
Шеќерите претставуваат таканаречени празни калории кои водат кон дебелина и дијабетес. Затоа, покрај белиот, треба да избегнувате кафеав шеќер, слатки сирупи и слични засладувачи, како и индустриски џемови што ги содржат. Децата треба да си обезбедат енергија од житарките, компирите, слаткиот компир, мешунки, свежо овошје и зеленчук.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]