Шестгодишник ја спасил својата сестра од побеснето куче

Спасувајќи ја својата помала сестра од каснувањата на едно побеснето куче, шестгодишниот Бриџер Вокер од Вајоминг се здобил со 90 конци

0
259

Шестгодишниот Бриџер Вокер од Вајоминг го ризикувал животот за да ја спаси својата помлада сестра од побеснето куче. Кога кучето ја нападнало сестрата на 9 јули, малечкиот храбро се вмешал, а кучето го гризнало по лицето и главата. И покрај повредите, момченцето успеало да ја грабне раката на својата сестра и да избега со неа на безбедно.

Приказната ја споделила на социјалните мрежи неговата тетка Ники Вокер и открила дека момчето добило 90 конци.

„Мојот внук е херој кој ја спаси својата сестра од нападот на куче. Тој самиот ги примил каснувањата за кучето да не ја дофати неговата сестра“, опишала таа.

Фото: Инстаграм

[better-ads type='banner' banner='999' ]