Повеќето од музичките играчки, кои се особено популарни како подароци за децата, ќе му наштетат на слухот на детето ако си играат со нив повеќе од еден час на ден – рекле експерти од Лондонскиот институт за уво.
Тие ги советувале родителите да го ограничат таквиот облик на игра на своите деца. Во истражувањето се тестирале 15 популарни играчки од тој вид, наменети за деца од три месеци до 15 години. Препорачаната горна граница за звучни играчки е 85 децибели. Слушањето на погласен звук отколку што се препорачува подолго време, доведува до оштетување на слухот.
Осум тестирани играчки испуштале звук од 81 до 105 децибели. Единствената што го поминала тестот била играчката мобилен телефон, наменет за мали деца. Пиштолите и разни слични играчки, потврдило истражувањето, произведуваат најголема штета на слухот. Вредностите се движат од 120 до 140 децибели.
Во никој случај родителите не треба да купуваат такви играчки за своите деца – велат експертите, додавајќи дека по тестирањето на јачината на звукот кој го произведувале детските пушки, ушите им за ѕвонеле долго време.
Фото: Pixabey