Која е разликата помеѓу среќно и разгалено дете?

Не е работата во тоа детето да добива сè од вас, затоа што тоа нема да го израдува. Работата е во тоа да го добие она што му треба, а тоа ретко може да се купи со пари.

0
328

Постојат многу разлики помеѓу она што дефинира среќно и разгалено дете. Лично, познавам едно разгалено. Едно дете кое само што ќе направи гримаса зашто некој друг јаде сладолед, а тој веќе го изел својот, родителите или дадилката веднаш ќе побрзаат да му донесат уште еден, за да спречат напад на гнев или само незадоволство. Тоа е дете со најтажните очи на светот. Тоа е дете кое ретко ќе го видите како се смее. Тоа е дете кое не сака уште еден сладолед, но не умее да каже што му е потребно за среќа затоа што никогаш не го добил тоа.

Барања

Меѓу разликите со кои се соочуваме кога споредуваме среќно дете со разгалено дете, е и нивото на кое детето ги поставува барањата. Разгаленото дете постојано ќе има низа барања кои, кога нема да се исполнат, доведуваат до лутина и тантруми, затоа што се навикнати да го добијат она што го сакаат. Кога нема да го добијат тоа што го сакаат, нивниот гнев може да биде многу силен.

Меѓутоа, среќното дете брзо ја учи вредноста на нештата. Тоа знае колку далеку може да оди од рана возраст и не чувствува толку високо ниво на фрустрација ако не поседува одреден предмет што го посакува.

Развој на вредносен систем

Разгаленото дете има многу ограничен вредносен систем, кој често се совпаѓа со идејата „ако можеш да платиш, можеш да останеш“ („if you can pay, you can stay“), затоа што така се научени со пример и го виделе тоа во својата околина.

Во меѓувреме, среќно дете кое расте во околина во кое се чувствува сакано и разбрано развива вредносен систем во кој многу побрзо го разбира значењето на љубовта, мирот, слободата или солидарноста. За среќно дете, поседувањето не е толку важно и не му требаат предмети или играчки за да се чувствува добро; сѐ што му треба е љубов и разбирање.

Карактер

Разгаленото дете од мали нозе често ќе развива карактер кој тежнее кон фрустрација и тиранија. Наскоро откриваат дека ако сакаат нешто, тие треба да го бараат тоа жестоко, без да знаат точно зошто е тоа така. Тие едноставно ги поврзуваат гневот и лутината со награда.

Од друга страна, среќното дете има тенденција на почувствителен карактер и брзо се навикнува да бара сè што ќе посака. Покрај тоа, тие развиваат алатки за заштита од фрустрации, стратегии за постигнување на она што сакаат со сопствени средства и помалку зависен став.

Ниво на разбирање

Помеѓу среќното и разгаленото дете дефинитивно ќе се истакнува разлика во способноста на разбирање на светот. Ако детето има сè, нема потреба повеќе да види ништо и ќе ја изгуби можноста да истражува и да се развива.

Разгаленото дете кое веднаш има сè што ќе посака, развива ниско ниво на љубопитност за нештата околу себе и занемарлив интерес за учење и разбирање. Ако веруваат дека им треба нешто, тие го бараат тоа и не изгледаат подалеку од ова.

Среќното дете се развива во средина исполнета со разбирање, љубопитност и желба да знае и да учи за светот во кој живее.

Значи, разликите помеѓу среќно и разгалено дете се многу јасни. И не е работата во тоа детето да добива сè од вас, затоа што тоа нема да го израдува. Работата е во тоа да го добие она што му треба, а тоа ретко може да се купи со пари.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]