Вака изгледа емоционалната безбедност во здраво семејство

Еве неколку примери кои ќе ви покажат како во емоционално здрави средини се разговара кога ќе се случи некој проблем.

0
211

Многу се зборува за важноста од развивање чувство на емоционална безбедност за сите членови на семејството. Еве неколку примери кои ќе ви покажат како се разговара во емоционално здрави средини кога ќе се појави некој проблем.

Кога одите во бањата и ќе видите дека шолјата почнала да се прелева, веднаш знаете дека некој фрлил нешто што не треба, веројатно ќе истрчате и ќе ги прашате домашните што се случило. Тогаш доаѓа вашето четиригодишно дете и вели: „Се чини дека е заради мене, ставив многу хартија, ми требаше ролната. Извини мамо. А мама, наместо: „не можам да верувам дека го стори тоа! Не ме прашувај денес за цртани филмови или за сладолед!“, вели: „Океј, благодарам за искреноста. Те молам, биди повнимателен следниот пат“.

Кога вашата тинејџерка која е во градот со пријателите, ве повикува со солзи и вели: „Ме фатија со алкохол. Што да правам?“ А вие наместо „Допрва ќе имаш проблем само кога ќе дојдам таму“, вели: „Не грижи се. Не е крај на светот. Со кого си? Каде си? Дали си безбедна?“

Кога му велите на вашиот сопруг, „Оди, провери дали дише, спие премногу долго. И наместо „Не зборувај глупости, те молам,“ тој ви вели: „чекај ќе проверам. Но, од што се плашиш?“, тој е некој со кого можете да разговарате, да речеме, со вашиот страв од синдромот на ненадејна смрт на новороденче, додека тој ве слуша внимателно и без осуда.

Кога матурантот ви вели: „Се плашам дека ќе направам грешка при изборот на факултет. Дека ќе се покајам кога ќе се запишам, а вие наместо: „Немаш уште многу време да мислиш, тоа ти е одлука за цел живот, а треба веќе да почнеш да се подготвуваш“, велите: „Секогаш можеш да го смениш мислењето и преку неуспехот е исто така се учи“.

Во дом во кој постои емоционална безбедност, животот станува сосема поинаков. Речиси нема страв, а лутината е многу помала.

Текстот е од ТУКА.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]