Кај да е, ќе жените ќе почнат да се пораѓаат на справи за вежбање!!!

Извесна Јања Милутиновиќ, фитнес инфлуенсерка со српско потекло која живее во Њујорк, не само што не престанала да вежба за време на бременоста, туку го правела тоа и неколку минути пред да се породи, а во салата за вежбање се вратила само 2 ипол недели по породувањето.

0
344

Инфлуенсерка со српско потекло тренирала дури и во салата за породување за да остане во форма
Оваа фитнес мајка не престанала да вежба за време на бременоста, па дури го правела тоа и за време на породувањето. Станува за збор за извесна Јања Милутиновиќ, фитнес инфлуенсерка со српско потекло која живее во Њујорк. Таа вежбала и правела вежби и неколку минути пред да се породи.
На Инстаграм открила дека вежбите не се ништо во споредба со самото породување кое е вистински предизвик.

„Нема вежба толку тешка како породувањето“, пишува таа.
Некои коментираат дека може да биде пример за сите жени, но повеќемина ја критикуваат и се шокираат поради тоа што тренира пред породувањето.
Таа вели дека обично ја поддржуваат жените, за разлика од мажите кои ја критикуваат поради ова.

„Тие ме засрамуваат, а немаат право да го прават тоа“, изјавила Милутиновиќ за Fabulous.

Истовремено, таа ја игнорирала и препораката на лекарот да почека шест недели пред да се врати во салата за вежбање. Таа го направила ова само две и пол недели по породувањето, а за само неколку месеци имала перфектно извајано тело, според фитнес стандардите.

„Никогаш не се сомневав дека ќе се вратам на старото. Знаев дека е потребно трпение, но имаше моменти кога бев обесхрабрена“, додала таа.
На крајот на краиштата, таа не ги охрабрува жените да го следат нејзиниот пример.
„Јас сум во форма, овој ритам не е за секого. „Жените треба да се посоветуваат пред да направат нешто сами“, рекла таа.

Што мислите вие за ова?

Фото: Инстаграм

[better-ads type='banner' banner='999' ]