Бебе се родило држејќи ја во рака бакарната спирала на мајка си

Бакарната интраутерина влошка која штити од несакана бременост, во случајот на една мајка во Виетнам, се покажала како неефикасна, па таа не само што забременила, туку и бебето што го родила ја држело во рака спиралата на мајка си

0
632
Pics Shows: The newborn baby boy in Hai Phong International Hospital with his eyes closed and the intrauterine device in his hands; These startling images show the tiny baby boy who was born grabbing his mother’s intrauterine device in his hand after the device did not stop her from becoming pregnant.

Денес има секакви видови на контрацептивни средства, но тие не се секогаш непропустливи, а сведок за ова е 34-годишната мајка од Виетнам која пред две години поставила интраутерина направа, позната и како IUD или спирала, за да го спречи забременувањето.

Постојат два типа на спирала: Бакар ИУВ без хормони, завиткана во бакар кој штити
од несакана бременост и хормонална ИУВ која го содржи хормонот прогестин и
исто така штити од бременост. Барем така би требало да биде.

Но не и во случајот на оваа жена која го родила нејзиното трето дете во меѓународната болница „Хаи Фонг“. Бебето се родило здраво, а со себе ја донело и спиралата на мајка си. На фотографиите се гледа како малото ја држи спиралата цврсто во рака, како да е сувенир од времето поминато во матката на неговата мајка.

Докторот Тран Виет Фуонг изјавил дека бебето се родило држејќи спирала во раката, а целата работа му се чинела многу интересна, па решил да го фотографира овој необичен настан. Фотографиите ги споделил на социјалните медиуми на болницата и брзо привлекле големо внимание.

Фуонг се сомнева дека ИУВ можеби се преместила од првобитната позиција додека била во матката, па станала неефикасна и овозможила мајката да забремени.

Кога е поставена правилно, спиралата е 99% ефикасен метод на контрацепција и може да трае од 5 до 10 години.

Текстот и фотографијата се од ТУКА.

[better-ads type='banner' banner='999' ]