Такам пијам ток од тата

Кога детето наместо да каже стол кажува тол, наместо скока-кока, итн, станува збор за сигматизам

0
327

Сигматизам претставува оштетување во изговорот на гласот С, како и на целата група гласови З, Ц, Ш, Ч, Ж, Џ.

Сигматизмот може да се јави во вид на омисија, кога најчесто се изостава гласот С. Пример детето наместо да каже стол кажува тол, скока-кока и др. Исто така, сигматизмот може да се јави во вид на супституција, односно имаме замена на гласот со друг веќе постоечки глас.

Најчеста замена на гласовите С, З, Ш, Ж, Ч и Џ е со плозивите Т и Д. Пример: саат- таат, чаша-тата, жаба-даба и др. Ваквата супституција на гласовите во голема мера ја намалува разбирливоста на говорот.

Сигматизмот се јавува и во вид на дисторзија, односно неправилно изговарање на гласовите. Може да се јави како:

-Интердентален сигматизам;

-Адентален сигматизам;

-Латерален сигматизам;

-Палатален сигматизам;

-Оклузивен сигматизам;

-Назален сигматизам;

-Стридентен сигматизам.

Сигматизмот е често говорно – јазично пореметување кај децата и може лесно да се надмине доколку континуирано се посетуваат логопедски третмани.

Клинички логопед-специјалист, Благица Маркоска, Интеракција плус, Скопје

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]