Знаете ли што е капацизам?

Ако вашето дете наместо капа, вели апа, или наместо коњ, вели тоњ, а има повеќе од 3 години, јавете се кај логопед

0
244
Капацизам претставува пореметување во изговорот на гласот К.
Гласот К спаѓа во групата плозиви, односно гласовите П, Б, Т, Д, К и Г.
Овие гласови најрано се јавуваат уште во спонтаната вокализација на доенчето кога истото се наоѓа во состојба на пријатност.
Подоцна овие гласови се јавуваат во првите слогови па, ба, та и во првите зборови папа, баба, кака, тата и др.
Доколку дете од 3 години ги нема развиено овие гласови, не ги користи во зборови и во врзан говор, тогаш се работи за забавен говорен развој, некое артикулативно пореметување или некое потешко говорно пореметување.
Пореметувањето на гласот К може да се јави како:
Омисија – кога гласот К се испушта. На пример, кој-ој, капа-апа, каде-аде;
Супституција- кога гласот К се заменува со гласот Г или Т. Пример коњ-тоњ;
Дисторзија се јавува кај недоволна оклузивност или поместување на местото на артикулација наназад. После 3 години, доколку сѐ уште кај детето нема изговор на овој глас, потребна е стручна помош од логопед.
Благица Маркоска, клинички логопед-специјалист, Интеракција плус, Скопје
Фото: Pixabey
[better-ads type='banner' banner='999' ]