Има ли нешто поубаво од дете што јаде сѐ? (ВИДЕО)

Да, има нешто уште подобро, а тоа е кога детето освен што има добар апетит, е и толку благодарно за храната што постојано вели: Тенкју мама!

0
402

Двеиполгодишно детенце ѝ се заблагодарува на мајка си секој пат кога ќе му даде храна.

Греј и мама (Greyandmama), е насловен профилот на ТикТок на кој мајката ја објави оваа компилација од видеа на малечкиот Греј кој освен што сака храна, е и најучтивото дете што сме го виделе досега.

„Овој живот, ова момче, повторувај, засекогаш“, се вели во насловот на монтажата на ова симпатично видео поврзано со храна. Во некои од клиповите, на Греј му е одредена закуска или оброк за него, но во други, мајка му му дава поголеми оброци наменети за целото негово семејство, а тој секој пат земајќи ја храната одговара со: „Благодарам, мама!“

Премногу е слатко, и тоа мора да го видите сами во видеото подолу.

Thank You, Mama

Thank You, MamaThank you to:tiktok.com/greyandmamainstagram.com/greyandmama

BuzzFeed Food 发布于 2020年6月23日周二

Видеото и фотографијата се од ТУКА.

[better-ads type='banner' banner='999' ]