Каде е денес момчето ‘вештер’ чии фотографии го ужаснаа светот?

Пред четири години, светот беше згрозен од фотографијата на која хуманитарката Ања Рингрен Ловен му дава вода и бисквити на преслабо, запуштено африканско момче, оставено да умре, затоа што неговите сонародници сметале дека е вештер. Таа му го дала името Хоуп (надеж).

0
2249

Малиот Хоуп во тоа време имаше две или три години и преживеа благодарение на Ања и организацијата што ја основа со цел да ги спаси децата жртви на „ловот на вештерки“. Момчето било во ужасна состојба, Ања вели „повеќе мртво отколку живо“. Телото му било полно со паразити и не можело да застане на нозе.

Долго време, на секои 30 јануари, Ловен ја одбележува годишнината од нејзината прва средба со Хоуп со рекреирајќи ја фотографијата која го сврте светот, за да покаже како напредува момчето.

„Неговото закрепнување е неверојатно. Кога се опкружени само со љубов, грижа и заштита, дури и најранливите и најболните се опоравуваат. Не е лесно да се работи со деца кои биле мачени и малтретирани од целата заедница. Јас спасувам деца, но тоа е всушност најлесниот дел. Она што доаѓа подоцна е многу потешко. Опоравувањето на скршените срца, скршените духови, самодовербата, сето тоа кај децата кои се ранливи, кои виделе смрт, е најтешка работа на светот… Се надевам дека еден ден нигериската влада ќе обезбеди извршување на правдата за сите оние што ги мачат и убиваат децата поради нивните глупави суеверија предизвикани од незнаење, вера, сиромаштија и корупција. „Секогаш ќе се прашувам зошто меѓународната заедница ги затвора очите кога станува збор за убиствата на толку многу невини деца“, напишала Ања, која во Нигерија ја води организацијата “Land of Hope” („Земја на надежта“).

Како што истакнува, Хоуп е денес силно и здраво момче со неверојатна самодоверба. Иако не зборува, тој може да комуницира. Тој е многу интелигентен и сака да оди на училиште, сака да научи нешто ново секој ден. Има развиена фантазија, сака да си игра. Храбар е, никогаш не се откажува и го поздравува секој предизвик со отворен ум и позитивен став…

„Ја видел познатата слика многу пати. Ќе покаже на себе и ќе се насмее, како да е горд. Но, јас знам дека тоа не е гордост “, напишала Ања Рингрен Ловен.

„Децата се раѓаат со способност да простат. Децата се раѓаат без предрасуди. Кога ќе ги научиме што треба да мислат наместо тоа како да мислат, пропаѓаме како општество. Дали го воспитуваме Хоуп да ги мрази своите родители затоа што го напуштиле, го обвиниле дека е вештер и го оставиле на улица да умре?

Не, се разбира дека не. Суеверието е резултат на недостаток на образование, екстремна сиромаштија, религиозен фанатизам и корупција. Ниту едно општество не може да се развие ако луѓето се лишени од основните права како што се образованието, здравството и социјалната заштита. Образованието е најмоќната инвестиција во општеството и најголемото оружје против незнаењето. Како и останатите наши деца, Хоуп секој ден оди на училиште. Иако е мал, тој знае дека омразата станува голем товар“, истакнува таа.

Вели дека никогаш нема да се откаже од спасување на напуштените деца, затоа што има илјадници од нив кои се наоѓаат во ситуација во која бил Хоуп пред четири години и им треба помош. Повеќе од 70 деца спасени од речиси сигурна смрт живеат во нејзиниот центар „Земја на надежта“.

Фото: Фејсбук

[better-ads type='banner' banner='999' ]