Воспитувањето на децата е полно со целосно неочекувани ситуации и предизвици. Кејтлин Флајџер, мајка на две деца, се соочила со една таква.
Додека гледала телевизија со својот син Џек, момчето забележа дека ликот од серијата не живее дома со неговите родители и ја прашало мајка му зошто е тоа така. Кејтлин се обидела да му објасни дека откако децата ќе пораснат, се иселуваат од домот на родителите, а реакцијата на момчето е трогателна и слатка.
Имено, Џек плачел затоа што не сакал да го прифати сознанието дека можеби нема да живее со својата мајка некогаш во иднина. Кејтлин снимила сè со камера и снимките ги споделила со 329.000 следбеници.
Видеото е прегледано повеќе од 54 илјади пати и заработило речиси 300 коментари.
„Ова е прекрасно. Задолжително покажете му ја снимката кога ќе дојде во своите тинејџерски години и кога ќе ви каже дека не може да дочека да се исели“, коментира еден од следбениците.
Фото: Инстаграм