Кога се чувствуваш убаво во фустанот на баба

Нашата сограѓанка и фотографка Стефани Христов, инаку голем љубител на модата, е истовремено и поддржувач на одржливата мода, но со оглед на тоа што е таа во принцип и доста скапа, секогаш својот плакар го дополнува и со винтиџ облека.

0
679

„Од секогаш сакав да претурам по плакарите на баба ми и на мајка ми и редовно наоѓав нешто интересно. Се случуваше и нешто што во еден момент не ми е интересно, следниот пат да ми го привлече вниманието и да го искористам во некоја комбинација. И секогаш токму во овие винтиџ парчиња сум се чувствувала некако посебно“, вели фотографката Стефани Христов подместувајќи си го ременчето од широкиот фустан на баба ѝ во кој таа, како што вели, се чувствува навистина убаво.

Еден од мотивите за ова е и нејзината еколошка свест со оглед на тоа што текстилната индустрија е вто­ри­от по го­ле­ми­на свет­ски за­га­ду­вач на животната средина.

Еколошката мода е типично поскапа од облеката кој се прави по вообичаените методи, поради напорите што се превземени за да се намалат штетите од производството.

Од тие причини на Стефани, освен плакарите на баба ѝ, секогаш ѝ се интересни и настаните на кои се разменува облека, а чија цел е да се продолжи векот на траење на облеката и да се поткрене свеста меѓу потрошувачите за купување квалитетна облека која би траела подолго, наместо брзите модни парчиња кои навидум ги купуваме евтино, а понекогаш ги употребуваме и само еднаш.

„Продолжувањето на векот на нашата гардероба придонесува за намалување на загадувањето на животната средина, а секој мал чекор е придонес за намалување на загадувањето и поддржување на одржливата мода. Освен тоа, ќе признаете, секое парче облека од претходните генерации има во себе куп спомени кои прават во него да се чувстввам уште подобро“, вели Стефани.

[better-ads type='banner' banner='999' ]