Пет кратки мудрости на јапонските родители

Иако јапонскиот стил на родителство е поинаков од нашиот, овие трикови можеме да ги „украдеме“.

0
457

Јапонските деца се едни од најздравите и најсреќните деца на светот, покажала студијата објавена во научното списание „Лансет“. Резултатите од студијата откриле и дека јапонските деца имаат најдолг животен век.

И додека јапонскиот стил на родителство е малку поразличен од нашиот, има неколку општи трикови што дефинитивно не е лошо да ги испробате ако веќе не ги практикувате.

  1. Пофалби за трудот, а не за способноста

Во Јапонија, едно дете е секогаш пофалено за неговата напорна работа, а не за неговата способност. Ваквиот начин на охрабрување и пофалби е валиден дури и кога детето има проблеми со нешто затоа што родителите веруваат дека детето тогаш ќе се труди уште повеќе.

  1. Почитување на прво место

Малку е веројатно да видите јапонско дете како има излив на бес среде продавница. Јапонските родители ги учат децата уште од рана возраст да бидат полни со почит кон постарите лица и да размислуваат за тоа како нивното однесување влијае врз другите.

  1. Ако не е далеку, пешачи

Во Јапонија е најнормално да се видат мали ученици кои сами одат на училиште. Според Светската здравствена организација, повеќе од 98 проценти од децата пешачат до училиште. Во Јапонија, ова правило го применуваат сите, па затоа јапонските родители уште од почеток ги учат своите малечки како можат да стигнат до повеќето места користејќи ги нозете. Ако не е далеку – пешачи!

4. Нема викање

Во Јапонија, зборот за дисциплина е „шитсуке“ (shitsuke). Овој збор може грубо да се преведе како „воспитување“. Наместо викање, во јапонското дисциплинирање на децата, секогаш важи правилото за размислување за последиците од она што го направило детето.

5. Самостојност од почеток

Од рана возраст, децата во Јапонија се учат да бидат независни и самоуверени. Тоа е причината зошто јапонските деца им помагаат на своите родители во домашните работи, со овие навики продолжуваат и во градинка и училиште. Дали на нашите деца им треба и оваа јапонска лекција?

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]