Егоцентричните деца не можат да се справат со проблемите во реалниот свет

Можеби сте го виделе, или сте го почувствувале - тој феномен што се чини дека ги обзеде децата во последните неколку години и ги претвори во вистински егоцентрични суштества?

0
295

Овој феномен кој го нарекувам „Јас па јас епидемија“ и верувале или не, се манифестира на мали нешта, секојдневно, а понекогаш и не сме ни свесни за тоа. Добри вести? Тоа е сосема излечиво!

Сите знаеме деца (можеби дури и во нашите семејства) кои мислат дека имаат право да не прават ништо, кои очекуваат најдобро од животот без никаков напор и кои не знаат за благодарност. Тешко е да се живее со такви деца и, како по правило, тие стануваат луѓе со големи очекувања, сопружници кои имаат големи барања и со ист став што го имале како деца. Ова станува голем проблем, затоа што децата кои мислат дека светот се врти околу нив, не можат да се справат со проблемите во реалниот свет.

Иако можеме да го впериме прстот и да ги обвиниме социјалните медиуми, риалити програмите и други надворешни влијанија, една од најголемите причини за ширење на оваа „епидемија“ сме ние, родителите. Се разбира, им сакаме најдобро на нашите деца и никој од нас нема намера да одгледува разгалено дете, но честопати во обиди да го направиме најдоброто за нашите деца, претеруваме. Премногу сме попустливи, премногу ги фалиме и ги отстрануваме сите пречки од нивните патишта. И што се случува тогаш? Ние не дозволуваме децата да направат нешто за себе, да учат од своите грешки или да ги решаваат проблемите. Предлагаме пет стратегии за вртење на нов лист:

  1. Очекувајте повеќе

Имајте малку доверба во вашите деца. Тие можат и треба да придонесат за семејството. На крајот на краиштата, тие се дел од семејството и сите треба да придонесат. Она што ќе го добијат за возврат ќе бидат животните вештини што им се потребни за да тргнат во светот како посреќни, поуспешни и независни човечки суштества. А вие? Треба да знаете дека сте придонеле за тоа.

Откажете се од откажување

Дали некогаш сте кажале ДА, иако сте сакале да кажете НЕ? Купување слатки пред касата? Смирување на детето со подарок кога ќе почне да се фрла? Време е да свртите нов лист и кога ќе кажете НЕ, тоа нека значи НЕ! На тој начин, вашите малечки ќе научат дека со фрлање, со превртување на очите и со лутење нема да постигне ништо.

  1. Предајте ги уздите

Секојпат ги спасуваме нашите деца од нивните грешки, интервенираме во нивно име, или им го расчистување патот. Не им даваме можност сами да научат нешто. Mалку по малку, тие престануваат да се трудат. Време е да му ги предадете уздите на вистинскиот сопственик. Наместо да трчате во училиште со заборавените домашни задачи, треба да ги научите да си ги подготвуваат книгите сами навечер. Нека знаат дека можат и самите да разговараат со наставниците, тренерите и врсниците за прашања што ги интересираат. Можете да им помогнете да се подготват. Вашите деца треба сами да учат од своите грешки и успеси. Вие ќе бидете таму за да ги поддржите.

  1. Исклучете го банкоматот

Ова е чекор. Инстант задоволството е клучно во денешното општество. „Го сакам, го добивам. Сега и веднаш“. Најдобар начин да се борите против ова е да престанете да давате и купувате кога ќе посакаат. Наместо тоа, поставете одредена сума неделно и список на трошоци што треба да ги покрие детето (ужина, училишен прибор, билет за кино). Се разбира, ова треба да се прилагоди на возраста на детето. На овој начин, детето учи како да управува со својата плата кога ќе порасне.

  1. Децентрализирајте го Его-универзумот

Истражувањето е јасно – оние со „благодарен став“ во животот се посреќни, помалку депресивни и помалку под стрес затоа што го водат животот со здрав оптимизам. Но, благодарноста мора да се вежба. Тоа е нешто на што треба да ги научиме на нашите деца. Дајте им на знаење дека светот не им должи ништо и дека сите треба да го направиме својот дел од работата за да ни биде поубаво. Научете ги децата да ги ценат своите околности (без предавања за гладта на децата во земјите од Третиот свет). Вежбајте ги децата да кажат благодарам, разговарајте со нив – нека смислат на пример. три работи за кои се благодарни. На овој начин, вие им помагате нив, а и на целото семејство да водат похармоничен и посреќен живот.

Текстот е од ТУКА.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]