Вежби за пишување кај деца од четиригодишна возраст

Вежбите за пишување кај децата од четиригодишна возраст се изведуваат доколку детето ги совладало линиите за помала возраст како што се правите и закосените линии.

0
448

Како што децата растат и созреваат се повеќе се подготвени за решавање на покомплексни задачи и содржини. Па така и со вежбите за пишување се преминува на сѐ покомплексни линии.

Развивањето на способностите кај децата ја следи нивната возраст па затоа не е препорачливо да се менува редоследот на активности или вежби кои ќе ги изведуваат децата.

Вежбите за пишување кај децата од четиригодишна возраст се изведуваат доколку детето ги совладало линиите за помала возраст како што се правите и закосените линии.

Пред да се започне со пишување на линиите за оваа возраст треба да се исполнети следните параметри:

– детето да ги има усвоено графомоторните линии за тригодишна возраст.

– детето да има статичен тропрстен фат на моливот.

– детето да има добро развиена фина моторика и просторна ориентација, односно да знае каде е лево, каде е десно, каде е горе и каде е долу.

– додека детето бои одредена форма со боички да не ја преминува линијата на таа форма.

– да може да напише одредена форма во претходно ограничен простор.

– да препознава некои букви и да може да си го напише своето име.

– не треба да не загрижува ако детето ги пишува буквите огледалски.

Пристапот тука е едноставен и му се објаснува на детето низ игра и асоцијација. Сѐ започнува со полесни линии па се продолжува со покомплицирани.

Еве неколку примери на линии кои детето може да ги пишува, тоа се:

линија во форма на буквата „С“;

линија која е полукружна и наликува на буквата „П“;

се пишуваат брановидни линии, па цик-цак линии, потоа се преминува на пишување на брановидни линии кои имаат поголеми бранови, па му се дава на детето да прецрта одредени лесни форми, се вежба да го пишува своето име итн.

Доколку детето има потешкотии во пишувањето на линиите, на почетокот може да му помогнеме со тоа што ќе ја држиме неговата рака за зглобот и со контролирано движење му помагаме да го контролира своето движење и да се задржува во просторот во кој е потребно да пишува, потоа треба самостојно да пишува без наша помош.

Елена Трајческа дипл. специјален едукатор и рехабилитатор, Интеракција Плус

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]