Ајден Кели, деветгодишно момче кое му се приклучило на движењето Black Lives Matters, носејќи натпис и шетајќи со него низ неговата населба, открило за ABC News дека сакал да внесе малку позитивност во своето соседство.
„Многу луди работи се случуваат последниве денови и сакав да ги развеселам луѓето“, изјавил тој.
Неговата мајка Катја Кели додала дека тој ги замолил соседите да нацртаат срца на приодите, а тој отишол чекор подалеку и гордо им го покажувал на сите минувачи знакот на „Black Lives Matters“.
Некој го фотографирал, па тој завршил на Твитер, каде заработил над 684 илјади лајкови.
„Луѓето застануваа и му изразуваа поддршка“, додала Катја.
Фото: Твитер