Имаат ли нашите деца повеќе од нас?

Дали го имаат семејниот неделен ручек што секогаш го собираше семејството заедно? Дали имаат родители кои доаѓаат дома од работа доволно рано?

0
129

„Овие денешни деца немаат почит кон постарите лица“.

„Овие денешни деца сакаат сè веднаш и без труд“.

„Овие денешни деца се неблагодарни и имаат многу повеќе отколку што имавме ние. Во наше време. “

Дали навистина имаат?

Го имаат ли неделниот семеен ручек што секогаш го одржуваше семејството заедно? Дали имаат родители кои си доаѓаат од работа доволно рано за да пристигнат да подготват вечера заедно, да ги разменат впечатоците од изминатиот ден, да вечераат? Дали имаат доволно слободно време после училиште или дали трчаат како луди на спорт, од спорт на англиски, од англиски во музичко училиште?

Дали имаат со кого да разговараат без тој да биде прекинат со итен повик, е-пошта или порака на вибер? И конечно, имаат ли на кого да се угледаат кога станува збор за односот кон возрасните, за гледање во екранот, за квалитетна меѓусебна комуникација, за семејни односи, почитување?

Сè уште не сум сретнала невоспитано дете на кое му се родителите посветени. Кога велам посветени, не мислам – оние што купуваат најскапи патики и ги носат двапати годишно на одмор во хотел со пет ѕвездички. Мислам на оние кои поминуваат половина час секоја вечер разговарајќи со своето дете, лице в лице, без осуда, само – разговор. Мислам на оние кои повеќе пати помислуваат на детето додека се на работа, отколку што мислат за работата додека се со детето.

Ако, во моментот кога вашето дете растело, можевте да го сослушате секој пат, ако не ги прекинувавте неговите зборови за да слушнете некој поважен, некој возрасен, ако го третиравте како личност достојна за почит, нема апсолутно никаква причина тоа да не ви се врати.

Воспоставете правила од најраните денови и придржувајте се кон нив. Да, и вие. Нема екрани на масата? Нема ниту за детето ниту за вас! Ручекот за време на викендите е секогаш во 14 часот и сите треба да бидат таму? Тогаш нема ниту за вас одење на шопинг или на натпревар во тоа време. Додека му се обраќате на детето, зарем не сакате тоа да не гледа во екранот? Не го праввете тоа ниту вие. Ниту кога детето има две, дванаесет или дваесет години.

Родителството е многу тежок пат. Особено ако не дозволите да бидете водени од срцето и љубовта кон детето, туку од очекувањата на другите луѓе, наметнатите вредности и желбата да се докажете преку детето. Тогаш станува проклето тешко.

Текстот е преземен од ТУКА.
Фото: Pexels
[better-ads type='banner' banner='999' ]