Детето кое најмногу ве лути, е она кое најмногу личи на вас

Честопати станува збор за „проекција“, односно одбранбен механизам кога човек на друга личност ѝ ги припишува своите мисли и ставови кои не може да ги толерира.

0
639

Сосема е природно семејствата да се караат и да имаат различни мислења.

Сепак, не е невообичаено мајката да се кара најмногу со едно од нејзините деца. Според студијата, „она што најмногу ве мачи во однесувањето на друга личност е она што ве мачи кај вас самите“ родителите често не ги прифаќаат ставовите на своите деца или се обидуваат да ги поправат, бидејќи во нив го гледаат својот одраз, што може да доведе до жестоки судири.

Од порталот Brigit Side разговарале со психологот Мари Сегрелес, која објаснила зошто понекогаш родителите имаат покомплициран однос со едно од своите деца.

Честопати станува збор за „проекција“, односно одбранбен механизам кога некое лице ги припишува своите мисли и ставови што не може да ги толерира на друго лице.

Децата имитираат однесување на нивните родители, вели Марти Сегрелес и тие наследиле многу ставови од нивните родители. Од детството, децата забележуваат како нивните родители се однесуваат во различни ситуации. Дури и расположението на мајката или таткото може да влијае на емоционалниот развој на нивните деца.

Децата го имитираат однесувањето на своите родители, вели Марти Сегрелес и тие наследиле многу ставови од своите родители. Од детството, децата забележуваат како нивните родители се однесуваат во различни ситуации. Дури и расположението на мајката или таткото може да влијае на емоционалниот развој на нивните деца.

Особено за време на адолесценцијата, кога личноста на секој од нив почнува да се воспоставува, децата почнуваат да го усвојуваат однесувањето на своите родители, од начинот на кој зборуваат до начинот на кој реагираат.

Нормално е во текот на животот да гледате на минатото и да не бидете задоволни од некои одлуки или од начинот на кој сте реагирале и би сакале да го промените тоа. Значи, кога ќе станете родител, ќе видите дека вашето дете ги прави истите грешки како вие и вие автоматски сакате да ги поправите.

Како да се решат овие конфликти?

Психологот Сегрелес рече дека родителите би требало да ги препознаат сопствените внатрешни конфликти и да ги разрешат, а потоа да се обидат да влијаат врз своите деца. Сепак, дури и ако успеете да го оставите минатото зад себе, мора да прифатите дека децата „не им припаѓаат“ на мама или тато. Тие мораат сами да донесат свои одлуки и да прават сопствени грешки како лично искуство во учењето.

Секогаш обидувајте се да размислувате од гледна точка на детето пред да донесете пресуда. Проценете го начинот на кој му се обраќате на детето, тонот и зборовите што ги користите.

Ако не го прифаќаат вашиот совет, негодуваат…сетете се дека веројатно и вие би реагирале на ист начин. Обидете се да не се лутите поради тоа.

Ако расправата е премногу гласна, ако викате и упатувате зборови што можат да повредат, подобро е да паузирате и да ја оставите расправијата за друг пат. Важно е да ги контролирате вашите емоции. Обидете се да бидете колку што е можно посмирени.

Мора да прифатите дека не се сите човечки суштества еднакви и дека мора да ги толерирате разликите.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]