Што не е во ред со моето дете?

Голем дел од децата денес доцнат во развојот на говорот и имаат потешкотии во учењето на мајчиниот јазик и покрај тоа што имаат уреден слух и барем просечни интелектуални способности. За што тогаш станува збор?

0
1087

Голем број родители денес се соочуваат со проблемот на т.н. развојна дисфазија.

Имено, голем дел од децата денес доцнат во развојот на говорот и имаат потешкотии во учењето на мајчиниот јазик и покрај тоа што имаат уреден слух и најмалку, просечни интелектуални способности. Па тогаш, прашањето што секој родител си го поставува е „Што не е во ред со моето дете?“

Забавениот говорен развој, однсно, развојната дисфазија, претставува пореметување на способноста да се разбере, структуира и да се изрази јазичната мисла.

Нормално, кај дете од една година веќе се очекува продукција на неколку зборови со значење, а на две години – формирање на кратки, прости реченици, што не е случај и кај децата со развојна дисфазија. Говорната способност кај овие деца е под очекуваното ниво за нивната ментална и хронолошка возраст. Потешкотиите кај овие деца се однесуваат на отежнатото разбирање на јазикот и неговата продукција. Често овие деца се наоѓаат во ситуации каде не можат да воспостават комуникација со своите врсници и околината па кај нив се јавуваат бес и фрустрација и тие често користат гестови наместо зборови.

Развојната дисфазија е проблем кој лесно може да се надмине доколку навремено се отпочне со логопедски третман. Пораката до родителите е да не чекаат спонтано подобрување, ниту пак детето да стане поголемо, затоа што тоа е губење на драгоцено време.
Овозможете му на вашето дете полесно и побрзо надминување на овој проблем и навремено побарајте логопедска помош.

Благица Маркоска, клинички логопед

[better-ads type='banner' banner='999' ]