Јутјубери од Охајо посвоиле аутистично дете од Кина и потоа го вратиле

Малиот Хаксли има аутизам, а брачната двојка јутјубери од Охајо ја потврдиле веста во видеото што го објавија на својот Јутјуб канал на кој имаат 716 илјади претплатници. Нивниот потег разгневил многу од нив.

0
628

Триесетидвегодишната Мика Стауфер и нејзиниот сопруг Џејмс пред две ипол години го вдомиле малиот Хаксли од Кина. Сепак, сега решиле да го „вратат назад“ затоа што, како што велат, „момчето имало посебни потреби за кои тие не биле свесни“.

Малиот Хаксли има аутизам, а брачната двојка јутјубери од Охајо ја потврдиле веста во видеото што го објавија на својот Јутјуб канал на кој имаат 716 илјади претплатници. Нивниот потег разгневил многу од нив.

„Во меѓународното згрижување постојат многу непознаници и нешта кои не се напишани во документите. Кога Хаксли дојде во нашиот дом, тој имаше многу повеќе специјални потреби за кои не бевме свесни и кои никој не ни ги спомна. Тој помина низ безброј терапии во текот на изминатите две години и ние се обидовме да му помогнеме. За нас беше тешко да ги слушнеме здравствените професионалци и нивните повратни информации. Се обидовме да ги задоволиме неговите потреби и да му помогнеме затоа што навистина го сакаме “, вели Џејмс.

Мика во солзи додава дека се чувствува како мајка која не успеала.

„Лошите коментари ја отежнуваат целата ситуација. Последните неколку месеци беа ужасни “.

Двојката одбила да открие што точно не било во ред со четиригодишниот Хаксли за да ја заштити неговата приватност. Џејмс само додава дека малечкиот е сега во семејство во кое ќе биде засекогаш и кое е совршено за него.

„Тој е среќен, напредува, а неговата нова мајка е здравствен работник, такашто е сè навистина одлично“, истакнува тој.

Мика и Џејмс исто така имаат свои четири деца, но нивната постапка ги згрози луѓето што со денови го коментираат случајот.

„Не можам да верувам што сте направиле. Хаксли не е домашно милениче, дури ни на куче или мачка не би им го сториле тоа”, „Замислете дека посвојувате сираче од Кина со посебни потреби, го носиш со километри далеку од сè што знае, а потоа, после неколку години, му го предавате на некој друг. Јутјуб семејствата се навистина шокантни“, се некои од коментарите на социјалните мрежи.

Фото: YouTube screenshot

[better-ads type='banner' banner='999' ]