Запознајте го едногодишниот готвач кој има повеќе од милион следбеници на Инстаграм

На неговиот профил на Инстаграм „Kobe eats" пишува дека момчето сака да готви, да јаде и да истражува нови рецепти.

0
566

Едногодишниот готвач направи вистински хаос на социјалните мрежи, а неговите кулинарски вештини ги следат повеќе од милион луѓе на Инстаграм.
На неговиот профил на Инстаграм „Kobe eats” пишува дека момчето сака да готви, да јаде и да истражува нови рецепти.

Видеата покажуваат дека Коби помага во подготовката на рецептите, а потоа и за дегустирање на храната и давањето оценки.

Мајката на Коби, Ешли Вијан, изјавила за Си-Ен-Ен дека започнала да споделува видеа за да им ја покаже вештината на својот син на пријателите и роднините.

„Готвењето е само една од многуте практични работи што Коби ги прави дома. Толку се забавува кога го прави тоа што решив да го снимам за да ги споделувам видеата со моите пријатели и семејството. Кон крајот на февруари го лансиравме неговиот профил на Инстаграм. До април тој имаше 200 следбеници, а потоа бројот на следбеници започна да расте 100K, 200K, 500K … ние дефинитивно не го очекувавме тоа “, рекла Вијан.

„Чувствувам како да правиме нешто добро како родители. Драго ни е што тој има способност да ги натера луѓето да се смеат. Исто така драго ни е што ги охрабривме родителите да ги одведат своите деца во кујната и така да го поминуваат времето заедно“, вели таа.

Неговата мајка исто така рекла дека Коби ја сака кујната и дека е тоа негово совршено место за учење и истражување.
„Тој истражува нови состојки, чувствува нови структури, учи практични вештини како што се истурање, кинење и мерење. Поради тоа и започна сето ова, уште една практична работа од која може да се научи толку многу. Тој усоврши многу моторни вештини. И нередот? Па, тоа е само неред и може да се исчисти, а спомените што ги правиме ќе траат засекогаш“.

Инаку, Коби ја обожава камерата и тестирањето на состојките, а негова омилена храна е се што е со сирење.

Фото: Фејсбук

[better-ads type='banner' banner='999' ]