Со Маја Оџаклиевска првпат се запознав преку нашата сограѓанка, госпоѓа Лидија Попова Ивановска. Поводот за интервјуто беше Тамара Тодевска која во тој период, пред 10 години, го преработи стариот хит на Маја Оџаклиевска – „Шила“. Средбата беше закажана во студиото на фотографот Дарко Мораитов. Иако дојдена од Белград на неколку денови во Скопје, повозрасна и воопшто, со голем стаж и со епитет на најдобар вокал во бивша Југославија, таа стаса точно навреме. Тамара доцнеше.
Мислев дека ќе се налути и ќе си замине. Веројатно и не ѝ беше сеедно, но остана и ја дочека својата помлада колешка, а потоа најпрофесионално си одработи сѐ, и сликањето и интервјуто. Никогаш повеќе немав можност да ја сретнам, но знам дека во меѓувреме стана баба и дека секогаш отворено зборува за аутизмот на својот внук Лука.
Не ме изненадува нејзината пожртвуваност и посветеноста со која го чува и го воспитува својот внук, можеби затоа што знам дека пејачката која ја обожуваше цела Југославија, за половина век кариера објавила само два албуми, а кон крајот на деведесеттите решила да ги заборави големите југословенски турнеи и повеќе да им се посвети на своите две ќерки и на работите кои немаат допирни точки со музиката.
Им помагала на многу поп пејачки, а на музичката сцена ѝ подарила хитови кои и денес се слушаат и се пеат.
Денес пејачката е целосно посветена на воспитувањето на внукот Лука.
Го објавуваме во целост постот на Маја за нејзиниот внук кој таа го напиша на својот Фејсбук профил:
„Лука е роден како здраво бебе. Од првиот ден, народски кажано, изгледаше како „очите да му се на зејтин“. На шест месеци, со погледот и движењата се одзиваше на своето име.
На година ипол веќе јасно изговараше зборови и дури се обидуваше да склопува едноставни реченици.
Потоа ја прими ММР вакцината.
Преку ноќ стана раздразлив, со часови не можеше да заспие и покрај нишањето и музиката. Престана да зборува, да се смее, одбиваше храна и се врати во пелени. Кога беше буден, се криеше под маса и по ќошиња.
Во нападите на вознемиреност си ја удираше главата од подот или се удираше безмилосно со рачињата. Се обидувавме да ја спречиме самоагресијата, а таа потоа се претвореше во агресија.
Го однесовме на ЕЕГ и тие ни рекоа дека има сосема нормална мозочна функција.
Лука денес има 10 години. Сè уште не зборува.
Нападите на автоагресија и агресија значително се проретчија благодарение на огромната количина трпеливост, љубов, толеранција, усмерување и прилагодена исхрана.
Лука сака музика, долги прошетки, галење, возење (со сите превозни средства) и забранети слатки. Секако, прогледуваме низ прсти.
П.С. Не ме прашувајте зошто престанав да ја бојадисувам косата, зошто ја скратив или зошто ретко се појавувам.
Имам поважна работа“.
Освен објавата, таа на својот фејсбук профил сподели и две видеа од својот внук Лука:
由 Maya Nika Lasting 发布于 2020年5月18日周一
由 Maya Nika Lasting 发布于 2020年5月18日周一
Фото: Фејсбук