Мајка испратила драматично предупредување: Го свртев грбот на една минута и…

Кога Емили Нилан ѝ го свртела грбот на својата десетмесечна ќерка, немала поим дека тие 60 секунди ќе ги променат нивните животи засекогаш.

0
589

„Сега мислам дека никогаш не можете да бидете премногу внимателни“, ја започнала својата приказна оваа мајка која отворено проговори за трауматското искуство, со цел да ги предупредува другите родители за опасностите од голтање на батериите.

„И верувајте им на вашите инстинкти секогаш, затоа што вие како мајка знаете кога нешто не е во ред“, вели таа.

Имено, Емили решила да ја напушти собата на една минута за да може да ги здипли алиштата, скриена од девојчето затоа што  во тоа време Мила била фасцинирана со отворањето на плакарот. Но, ова било доволно за Мила да го зграпчи пакетчето со батерии и да проголта само една, а потоа да го остави остатокот во фиока и да продолжи да си игра и да гледа цртани филмови.

После тоа, Емили забележала дека Мила изгледа малку уморна и го одбила шишето, но не обрнувала премногу внимание на тоа. Во меѓувреме двојчето заспало, па нејзината мајка ја искористила можноста да замине на состанок со фотографот за нејзината претстојна свадба со нејзиниот свршеник, која била закажана за 29 февруари. За тоа време, за Мила се грижела нејзината тетка.

Два часа подоцна, кога Емили се вратила дома, знаела дека нешто не е во ред. Не само што девојчетоа не се разбудило, туку било целосно бледо и без рефлекси. Дури и кога успеале да ја разбудат, таа била многу летаргична.

„Ги минував сите сценарија во главата. Дали падна? Дали ја удри главата на нешто што предизвика невролошки проблем? Искрено, немав идеја што се случило”, се сеќава таа.

Лекарите решиле да ја испратат Мила на рентген и во рок од пет минути ја повикале мајка ѝ да погледне што пронашле. Лекарите можеа да ја отстранат батеријата со операција, но штетата на хранопроводот беше толку голема што мораше да направат перкутана ендоскопска гастростомија. Станува збор за ендоскопска медицинска процедура со која се спроведува цевка во стомакот на пациентот преку абдоминалниот ѕид затоа што лицето не е во можност да зема храна и течност орално, пишува The Sun.

Следните две недели Мила ги поминала во одделот за интензивна нега пред лекарите да ја извршат втората операција. Имено, штетата предизвикана од батеријата направила спојување на душникот и хранопроводот. Оваа операција барала интубација па Мила следните 12 дена ги поминала во кома, а состојбата на белите дробови постојано се влошувала. Освен тоа, во еден момент нејзиното срце престанало да работи на девет секунди.

Сепак, денеска ќе биде тешко да се поверува дека Мила поминала низ толку тежок период. Имено, пет месеци подоцна, таа чудесно се опоравила.

Фото: Фејсбук

[better-ads type='banner' banner='999' ]