Никогаш не ги оставајте децата во вжештен автомобил!

Бројката на починати деца како последица на тоа што биле оставени во вжештени автомобили е во подем последните години.

0
1069

Иако стручњаците главно се фокусираат на некои стандарди на мерки на претпазливост како што е, пред се, користењето на седиштето за дете во автомобилот, постојат и многу скриени опасности кои вашето дете може да го доведат во ризик.
Вашиот семеен автомобил претставува една од тие скриени опасности, но не станува збор само за евентуална сообраќајна несреќа. Покрај опасностните кои инаку се поврзуваат со учествувањето во сообраќјот, да се биде оставен или заклучен во врел автомобил може да биде подеднакво ризично, па дури и смртоносно. Бројката на починати деца како последица на тоа што биле оставени во вжештени автомобили е во подем последните години.
Во 2010 година е постигнат негативен рекорд, откако 49 деца починале како последица на оставањето во вжештен автомобил.

Ситуациите кои можат да бидат ризични за вашето дете се:

– Доколку новороденчето или детето кое штотуку проодело едноставно останало заборавено во своето седиште во автомобилот.
– Малите или децата на претучилишна возраст кои се завлекуваат во автомобилот и не умеат да излезат.
– Дете заглавено во гепекот

Од што се заканува опасност?

Покрај ризикот дека детето може да биде киднапирано ако остане само во автомобилот, во текот на еден типичен летен ден температурата во автомобилот (дури и со отворени прозорци) може да порасне и до 50 Целзиусови степени. Дури и во текот на пријатните надворешни температури, во внатрешноста на автомобилот може да достигне и над 38 Целзиусови степени. На така високи температури децата се во опасност од топлотен удар, што може да предизвика висока температура, дехидратација, напади, мозочен удар, па дури и смрт.

Доколку не верувате дека такво нешто може да ви се случи вам или на вашето дете земете ги предвид овие случаи кои се одиграле изминатите неколку години.

– Деветмесечно бебе починало откако два часа останало врзано во седиштето во автомобилот. Недоразбирањето во комуникацијата помеѓу родителите придонело детето да биде оставено во автомобилот, откако едниот од родителите мислел дека детето е дома со другиот родител.
Шестмесечно бебе починало откако случајно било оставено во автомобилот три часа кога надворешната температура од 32 Целзиусови степени достигнала 54 Целзиусови степени во затворениот автомобил.
Тригодишно дете починало, кое пред трагичниот случај научило само да ја отвора вратата на автомобилот, останало заглавено во автомобилот, додека родителите биле во куќата.
Детето на возраст од 23 месеци починало кога роднината тинејџер го заборавил во автобилот така што сакал да отиде до продавницата, па се вратил да земе нешто од дома, застанал да погледне нешто на телевизијата, заспал на каучот и се разбудил дури два часа подоцна.
Двегодишно дете починало кога родителот го оставил во автомобилот на повеќе од еден час додека завршувал некои работи.
Двегодишно дете излегло од куќата и заспало на ќебето во семејниот автомобил, за да го пронајдат 40 минути подоцна, мртво.

Совети како да го држите детето на безбедно

– Не го оставајте детето во автомобилот кој може многу брзо да се прегрее, пособено во текот на топлите сончеви денови.
Секогаш заклучувајте го автомобилот и држете ги клучевите на сигурно подалеку од детето.
– Забранете им на децата да си играат во автомобилот без на надзор на возрасни.
Вградете механизам за отворање на гепекот за детето да не се заглави внатре.
Кога одите во продавница, прво извлечете го детето од автомобилот па тогаш размислете за производите што имате намера да ги купите.
– Доколку стравувате дека можеби ќе го заборавите вашето заспано дете во неговото седиште кога ќе излезете од автомобилот, ставете потсетник на инструмент таблата.

Исто така, обрнете внимание и на другите автомобили во кои може да се наоѓа дете без надзор. Ако наидете на таков случај задолжително повикајте полиција и помогнете детето да излезе од автомобилот.

Деца во разладени авотмобили

Опасноста од оставањето на детето само во автомобилот не е ограничена само на евентуалното прегревање. Ниту оставањето на вклучениот мотор и климата нема да му осигурат безбедност на вашето дете, дури и доколку станува збор за само неколку минути. Детето може случајо да ја спушти рачната сопирачка и да го покрене автомобилот или дури да остане заглавено при автоматското затворање на прозорецот. Поведете ги децата со себе дури кога станува збор за само неколку минути. Не оставајте ги децата во автомобилот. Едноставно не е безбедно, а и со закон е забрането во многу држави.

[better-ads type='banner' banner='999' ]