Колку повеќе им даваме на децата, толку помалку умеат и сакаат

Проблемот на родителите и децата е стар колку и светот. Времињата се менуваат, а се менуваат и методите на воспитување и обичаите, а родителите и децата не се согласуваат исто како и пред сто години.

0
283

Иако би било логично дека, бидејќи сите возрасни и самите некогаш биле деца, ќе умеат да воспостават контакт со своите деца, изгледа дека тоа со време се заборава. Можеби на секој родител му е потребен мал потсетник:

Сите сакаме нашите деца да бидат среќни и правиме сѐ за таа цел. Им го посакуваме само најдоброто, но понекогаш ни се случува да ги помешаме работите и да ги уфрламе сопствените приоритети во туѓ живот.

Иако е кажано многу пати досега, ќе повториме дека нашата работа како родители и воспитувачи е да ги научиме децата да учат. Треба да ги научиме да ги најдат потребните информации, да ја одвојат вистината од лагите, како и да ги надминат пречките со најмалку штета – како физичка, така и морална.

Сфатете дека треба да ги научите, а не да направите сè наместо нив: немојте да им давате готови решенија, не правете го за нив возможното и невозможното, не се жртвувајте заради нив, не ги разгалувајте – само сакајте ги.

Понекогаш е полесно да направите сè сами, па дури и задоволство е кога ќе го дадете максимумот од себе. Но, колку повеќе им даваме на децата, толку помалку умеат и сакаат.

Децата се пред сè луѓе, a на сите луѓе од прејадување им станува мачно. Немојте да ги затрупувате со нешта што ги спречуваат да растат и да се развиваат.

Треба да им го дадете само она што навистина ќе им помогне да пораснат и да станат независни. Впрочем, сите тие без разлика, порано или подоцна ќе пораснат и ќе посакаат нешто повеќе.

Сакаат свое семејство, свои пари. Сакаат да ги одбранат своите мислења и да ги прават работите по свое. Дали ова навистина ќе биде така, во голем дел зависи од вас.

Ова се најважните работи при формирање на карактерот кај децата:

Почетна физичка самостојност

Без разлика дали станува збор за првите чекори, првото јадење, одењето во тоалет, бирањето играчка во продавница, качување по скали или скок во базенот – штом ќе видите дека детето е подготвено да проба нешто – само дозволете му.

Немојте да го терате да работи нешто по ваша волја, туку пуштете го да оди по својот пат. Предупредете го на последиците, но не правете сè наместо него.

Доволно активност

Запаметете дека само активноста создава енергија, а неактивноста ја убива. Не им дозволувајте на децата да бидат мрзеливи. Не си дозволувајте и себеси да бидете такви.

Бидете им добар пример. Шетање, планинарење, спорт – сето ова им е потребно на децата, како и воздухот што го дишат. Без ова, тие престануваат да бидат деца.

Мирна и спокојна домашна атмосфера

Ова е навистина многу важно. Доколку ситуацијата во домот е напната, не може да стане збор за детска самоувереност и независност. Домот е место каде што детето го сакаат и желно го исчекуваат.

Имајте го само тоа на ум. Обидете да не го внесувате немирот од надворешниот свет во домот, не викајте и не разговарајте на висок тон, особено за своите неуспеси и грешки.

Семејни навики и разговори

Толку е убаво кога целото семејство ќе седне заедно и води жив, интересен разговор. Кога младите ги слушаат искуствата на постарите и учат од нив, кога старите не ги спречуваат младите да го искажат своето мислење. Тоа е размена која дава сила и им помага во донесувањето на правилни одлуки.

Јасна рамка на она што е дозволено и единственост во вашите постапки

Ова им го олеснува животот на децата, но дури и на возрасните. Не ги менувајте своите одлуки како чорапи: не бидете двосмислени. Не носете различни одлуки. Однапред договорете се и замолете ги и останатите членови на семејството да се придржуваат до нив.

Никогаш немојте да се карате и да се расправате пред децата. Тоа е тежок удар врз детската психа.

Што уште како родител можете да направите за своето дете?

Бидете секогаш на страна на децата.

Слушајте ги, без да ги прекинувате.

Намалете ги стресните ситуации.

Чувајте им го детството.

Патувајте колку што е можно повеќе.

Овозможете им да изучуваат странски јазик.

Водете здрав живот.

Посетувајте музеи, културни манифестации, театри.

Учете песни и текстови.

Не им ги проверувајте домашните задачи.

Не обрнувајте внимание на оценките во училиште.

Направете сопствен, оптимален систем на наградување.

Немојте да се плашите да ги казните кога заслужиле (секако не физички)

Пофалете го нивниот успех.

Немојте да ги омаловажувате за неуспесите.

Објаснете им ги причините и последиците.

Немојте премногу брзо да носите заклучоци.

Немојте да ги срамите и омаловажувате.

Зборувајте им ја вистината.

Разговарајте со децата за сè што ги интересира.

Никогаш не ги споредувајте со себеси или со други деца.

Учествувајте во детските активности.

Гордејте се со нив и секогаш почитувајте ги.

Фото: Freepik

[better-ads type='banner' banner='999' ]