Иако можеби ви се чини дека грижата за бебето на еколошки начин е многу потешка и покомплицирана, треба само да размислите поради што точно го правите тоа, а покрај добриот мотив, ништо нема да ви биде тешко. На крајот на краиштата, ќе видите дека животот не треба да се менува од корен.
Производи за нега на кожата. Кога станува збор за производи за нега на бебешката кожа, побарајте ги оние направени од органски материјали и барајте ги оние 2 во 1 производи затоа што на тој начин веднаш ја намалувате количината на отпад.
Храна за бебиња. Храната за бебиња воопшто не е тешко да се направи дома, па затоа нема причина да купувате готови кашички. На крајот на краиштата, во купечките кашички има многу адитиви што не сакате вашето бебе да ги јаде.
Користете памучни марамчиња. Не би поверувале колку влажни марамчиња се фрлаат секоја година, кои се многу тешко биоразградливи и претставуваат проблем. Наместо еднократни влажни марамчиња за еднократна употреба, користете ги памучните или газа која пред да го избришете вашето бебе го натопувате во топла вода. Подоцна, само ставете ги во машината за перење да се сварат. Уште поголем проблем се пелените за еднократна употреба, па затоа ако сакате да бидете еколошки освестени, треба да ја разгледате употребата на памучни пелени. Денеска можете дури и да купите памучни пелени со различни дезени.
Еколошки бои. Кога вашето малечко почнува да црта наместо да купите бои кои се доста штетни за околината, направете си сами еколошки бои што нема да му наштетат на детето дури и ако ги стави во уста.
Купувајте рециклирана облека. Денеска на интернет можете да најдете „нова“ рециклирана облека за бебиња која е целосно „еко френдли“. Истражете малку каде можете да купите ваква гардероба. Од друга страна, не избегнувајте наследена гардероба, бидејќи тоа автоматски значи помалку потрошен материјал.
Стаклени шишенца. Во последните неколку години, многу сме слушале за супстанцијата БПА која е повеќе пати пронајдена во пластичните шишенца за бебиња. Токму од оваа причина, на вашето дете купувајте му само стаклени шишенца.
Играчки. Кога станува збор за играчки за вашето бебе, изберете ги оние што се направени од природни материјали, претежно од дрво, а избегнувајте пластични и гумени.
Фото: Pexels