Еве зошто треба да се однесувате кон децата како кон возрасните

Постапувањето со децата како со возрасни ја зајакнува нивната самодоверба, укажува на нивните способности и ги зајакнува во раснењето

0
241

Ако новинарката и наставничка Естер Војчицки знае нешто, тоа е како да одгледате силни и успешни деца. И самата може да се пофали со три прилично успешни ќерки кои станале извршни директори и доценти, а за кои вели дека важноста на зајакнувањето е една од основните карактеристики на нивното воспитување. Покрај тоа, таа цврсто верува во обиди и грешки и во создавање возбудливи опкружувања во кои децата можат да цветаат и да преземат здрави ризици. Нејзините инструкции се едноставни: однесувајте се кон вашите деца како кон возрасни, а еве и зошто:

Децата нема да се сомневаат во своите способности

Мислете за своите деца како за огледала – тие ќе ги одразуваат вредностите и ставовите што ги имате и вие кон нив. Затоа е важно никогаш да не дозволите вашите деца да се чувствуваат неспособни за извршување на некоја задача. „Кога децата се чувствуваат неспособни, на ист начин ги решаваат задачите и проблемите. Кога мислите дека не можат да направат нешто, истото ќе го мислат и тие. Наместо тоа, треба да ги поддржувате и да ги охрабрувате, дури и ако не успеат. На овој начин, во рана возраст, тие ќе работат на својата самодоверба и упорност.

Тие ќе веруваат дека се способни – какви и што се

Во основа, Војчицки не го сака начинот на кој се разговара со малите деца, а своето тврдење го поткрепува со истражувања кои покажуваат дека инфантилниот разговор е лоша идеја. Наместо тоа, дајте им можност да се справат со одредени задачи, соодветни на нивната возраст. Војчицки сака да им дадете моќ да донесуваат одлуки затоа што, како што вели, повеќето петгодишни деца се навистина способни да прават многу работи. Иако е разбирливо дека е примамливо за родителите да ги прегрнат своите деца и да ги заштитат од неуспех или срам, верувајте дека вашите деца се способни, паметни и одлучни.

Кога ќе им дадете можност да соработуваат, тие ќе ви возвратат со почит

Според Војчицки, соработката е еден од најдобрите начини за успех и една од најважните ставки во родителството. На тој начин, им покажувате почит и тие ви возвраќаат со истото. Наместо на своите деца да им презентирате план за претстојната недела, дозволете им и самите да придонесат за разговорот. На пример, прашајте ги какво овошје би можеле да јадат оваа недела или кога би требало да одат на спиење. Ваквите мали нешта ќе им дадат чувство на важност во процесот на одлучување, што подоцна ќе им овозможи да преземат контрола врз сопствениот живот и да не бидат толку зависни од нивните родители.

dfgdxthrfh

Иако би можело да биде контраинтуитивно да ги третирате своите деца како возрасни, тоа може да им помогне подоцна да постигнат успех. Меѓутоа, немојте премногу „круто“ да го следите  секое правило, туку вклопете го во своето родителство како што вие сметате дека е најпаметно. Целта на родителството не е да се одгледуваат идни директори и хирурзи, туку на своите деца да им обезбедиме среќно и безгрижно детство со одредена одговорност која ќе им покаже дека можат и самите да направат многу нешта. И не заборавајте да се опуштите – вашите деца ќе бидат целосно во ред.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]