Оваа 18-годишна мајка се прославила со кратки снимки од танцот со својата ќеркичка. Со време морала да отвори имејл за деловни барања кои ги прима на дневна база.
„Брат ми ме научи да танцува па во 2016.година ѝ се приклучив на танцовата група со која се усовршував. Тие имаа знаење од балет, џез, хип хоп и така моето знаење се зголемуваше“, вели Магусара за Nine Honey.
Лицата со многу следбеници на ТикТок можат да заработат повеќе од 10 илјади долари по објава. Калкулаторот на ТикТок врз основа на деталите од Сара доаѓа до пресметка дека цената на нејзините спонзорирани објави е помеѓу 7970 и 13.283 долари, иако таа не го потврдила тоа.
„Среќна сум затоа што имам повеќе од 13 милиони следбеници па заработувам доволно за да се грижам за себе, за семејството, за партнерот и за бебето“, додала таа.
За совршено видео вежба пет до 15 минути дневно, а потоа го снима и го објавува. Нејзиниот совет за сите кои сакаат таков животен стил е да го копираат секој вирален тренд кој циркулира на социјалните мрежи, без оглед дали станува збор за танц или за предизвик.
Магусара живее во Австралија, а станала мајка во септември 2019.година. На Инстаграм ја следат 13 милиони луѓе.
Фото: Инстаграм