Низ неколку едноставни чекори, научете го вашето дете да не кенка без причина

Ова е безбеден метод што ќе го привлече вашето внимание и децата го знаат тоа. Тоа е научена навика и треба да се работи на одвикнување од неа.

0
483

Децата кои кенкаат можат да го исфрлат од такт секој родител. Меѓутоа, можеби вашето дете не знае доволно зборови за да опише како се чувствува или што сака и не кенка само за да ве нервира намерно. Ова е безбеден метод што ќе го привлече вашето внимание и децата го знаат тоа. Тоа е научена навика и треба да се работи на одвикнување од неа.

Еве на кои начини можат родителите да се справат со проблемот.

Не дозволувајте да бидете исфрустрирани

Кога вашето дете ќе почне да цивка, не покажувајте дека тоа ви пречи. Во спротивно, децата ќе видат дека нивното однесување ве натерало да обрнете внимание на нив и ќе го направат тоа секој пат. Наместо тоа, објаснете им дека не можете да ги разберете и дека тие мора да се смират и да се обидат да користат зборови – нека знаат дека ќе ги игнорирате ако не го направат тоа.

Исто така, може да размислите за некаков знак за предупредување за да запомнат дека постои ново правило. Ако вашето дете почне да цивка, можете да се повлечете за увото и да не реагирате. Можете дури и да излезете од собата за децата да сфатат дека нема да толерирате такво однесување.

Погрижете се вашето дете да научи убаво да праша

Некои деца не разбираат дека цивкањето не е вистинскиот начин да ги покажат своите емоции и потреби. Децата сакаат да се пожалат или да го искажат своето мислење, а цивкањето изгледа како добар начин да го направат тоа и не сфаќаат дека е тоа несоодветно и иритантно. Затоа е важно да се објасни разликата помеѓу начинот на кој вашето дете тоа обично го прави и начинот на кој треба тоа да го прави.

Вие би можеле да ги снимате додека се однесуваат пристојно, но и кога цивкаат. Можете и да опишете што слушате и како се чувствувате кога цивкаат. Ова ќе им помогне да сфатат како звучат и какво однесување е подобро.

Пофалете го вашето дете кога се обраќа со нормален глас

Децата се навикнати на прекорување. Поголемо влијание на нив би можело да има заблагодарувањето. Кога се добри, заблагодарувањето би можело да помогне во развивањето на убаво однесување. Ќе видат дека начинот на кој нешто побарале не ве разбеснува и можеби ќе одлучат и натаму да бидат добри и пристојни. Можете дури да смислите и систем на наградување кој ќе им помогне да ја изградат оваа навика.

Вашето дете нека сфати дека ќе дојде до последици

Вашето дете треба да разбере дека неговите постапки носат одредени последици. Затоа, не се обидувајте да бидете фини кога тоа кенка или да барате од него илјада пати да престане. Наместо тоа, објаснете му што ќе се случи ако почне повторно да се однесува така. Можете да го казните, на пример, испраќајќи го „во аголот“.

Ако децата го заборават ова правило или одлучат да го игнорираат следниот пат, замолете ги да престанат да кенкаат – само еднаш. Ако не послушаат, би требало веднаш да бидат казнети.

Научете го вашето дете како да користи зборови

Понекогаш децата се одлучуваат за кенкање затоа што е полесно да се биде емотивен отколку да се користат зборови. Или, можеби немаат доволно зборови за да опишат што сакаат. Можете да разберете заради што вашето дете обично кенка – децата тоа најчесто го прават затоа што се гладни, уморни или затоа што се вознемирени заради нешто. Разговарајте со нив за овие теми. Научете ги како да го искажат она што го чувствуваат – со зборови.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]