Се активираше старата дебата: Дали е во ред да го оставиме бебето да плаче?

Истражувачите тврдат дека откриле дека дозволувањето на бебињата да плачат не влијае на нивниот развој, однесување или приврзаност кон мајката, но може да им помогне да развијат самоконтрола.

0
430

Дебатата околу тоа дали родителите треба да го пуштат своето бебе да плаче или веднаш да побрзаат напомош, повторно се активираше откако беа објавени резултатите од истражувањето според кое на бебињата нема да им наштети ако им дозволите да плачат, пишува „Гардијан“.

Резултатите од студијата истражувањето сугерираат дека родителите не треба да го истрчаат веднаш кон своето бебе кога тоа ќе заплаче. Многу експерти велат дека ваквото однесување може да доведе до несакани ефекти – нарушување на врската помеѓу родителите и детето, како и зголемување на нивоата на стрес кај детето. Истражувачите тврдат дека откриле дека дозволувањето на бебињата да плачат не влијае на нивниот развој, однесување или приврзаност кон мајката, но може да им помогне да развијат самоконтрола.

Професорот Дитер Волк, коавтор на студијата на Универзитетот во Ворвик, вели дека резултатите покажуваат дека родителите не треба да се грижат премногу за тоа кој пристап треба да го изберат. Еми Браун, професорка по јавно здравје од универзитетот Свонси, која не била вклучена во студијата, рекла дека резултатите од студијата треба да бидат толкувани со претпазливост.

„Студијата не докажува дека контролираното плачење е корисно, ниту пак зборува за тоа колку самите мајки се мачат и се под стрес кога нивното бебе плаче“, рекла таа.

Како е спроведено истражувањето?

Истражувачите соопштиле дека следеле 178 бебиња и нивните мајки од моментот на раѓање до 18 месеци. Истражувањето е спроведено во Велика Британија. Мајките требало да пополнат прашалници за да известуваат колку често ги оставаа своите бебиња да плачат во неколку различни фази: набрзо по раѓањето, во рок од три, шест и 18 месеци. Тие исто така кажале колку често и колку долго нивното бебе плачело во различни периоди од денот како новороденче, а колку на три и 18 месеци.

Во фазите од три месеци или 18 месеци возраст, тимот исто така истражувал колку е мајката чувствителна кон своето дете, користејќи ги снимените интеракции помеѓу нив. Во последната фаза кога детето имало 18 месеци, се проценувал развојот на детето, однесувањето и приврзаноста кон неговата мајка. Тимот открил дека мајките ретко го оставаат своето бебе да плаче како новороденче, но практиката станува почеста како што детето расте, такашто околу две третини од мајките го оставале своето бебе да плаче, понекогаш или често, на 18 месеци.

Изгледа дека таквото постапување донело одредени придобивки, бидејќи децата, кои како новороденчиња понекогаш ги оставале да плачат, на година ипол го правеле тоа во пократки интервали. Тим од истражувачи вели дека таквата практика не му нанесува штета на детето и не воочил негативно влијание на поврзаноста на мајката и детето, на чувствителноста на мајката или на развојот на самото дете.

„Ниту ние не препорачуваме новороденчето да се остави да плаче, ниту веднаш да се реагира“, пишуваат авторите. Родителите интуитивно знаат како е најдобро да реагираат, а и тие и детето се прилагодуваат со текот на времето. Резултатите од истражувањето не значат дека родителите би требало да ги игнорираат бебињата што плачат, особено во рана возраст.

Плачењето е единствениот начин на кој бебето комуницира. Родителите честопати реагираат веднаш штом ќе го слушнат плачот на бебето, но да дозволите вашето бебе да плаче неколку минути може да биде корисно, особено ако знаете дека не е време за да се нахранат. Тогаш ќе почне да учи како да се смири самата.

Истражувањето има свои ограничувања. Едно од нив е и тоа што се потпирало на извештаите за плачот, а не на директно набљудување. Исто така, не било можно да се потврди дали е тоа причината поради која децата во иднина плачеле малку пократко.

Верувале или не?

Шарлот Ферклот, експерт за родителство на Универзитетот во Лондон, рекла дека на оваа тема се водат жестоки дискусии.

„Новата студија би можела да биде охрабрувачка за многу родители кои користеле вакви методи со своите бебиња. Но, како што сугерираат авторите на студијата, треба да се верува во родителите дека ќе најдат пристап што најмногу им одговара ним и на нивните семејства“, рекла таа.

Стефан Скот, професор на Кингс Колеџ, рекол дека бројни претходни истражувања покажале дека децата кои се почесто препуштени сами на себе, можат да развијат недостаток на отпорност, како и некои потешкотии подоцна во животот. Исто така рекол дека најновите откритија имаат смисол од гледна точка на еволуцијата.

„Многу е малку веројатно дека некогаш, додека живеевме во џунгли и пештери, оставањето на детето, на пример, поради лов, предизвикало некоја штета. Кога би било така, никогаш не би станале вака отпорен вид каков што сме денес“.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]