Семејни филмови за совршени семејни вечери

Направете пуканки или некои здрави грицки, затемнете ја просторијата, подгответе го филмот и уживајте со најблиските. Еве неколку одлични предлози од нас.

0
328

Со оглед на ситуацијата со седењето дома, веројатно вечерите за време на викендите најчесто ги поминувате гледајќи филмови. Се разбира, кога ќе ви здодее играњето Монопол или Не лути се човече, пантомима или која и да е друга семејна игра, време за заедничко гледање некој добар филм. На сите ни треба одредена релаксација, а семејните филмови полни со топлина и радост се одличен начин да ги соберете вашите најблиски и да поминете заеднички моменти.

Направете пуканки или некои здрави грицки, затемнете ја просторијата, подгответе го филмот и уживајте со најблиските. Еве неколку одлични предлози од нас.

Печ Адамс

Д-р Адамс (Робин Вилијамс) се разликува од неговите колеги. Тој смета дека љубовта и смеата се најдобриот третман за сите болести. Така, д-р Адамс го менува животот на пациентите. Исклучително живописен и трогателен филм, заснован на вистинска приказна.

Во потрага по среќа

Крис Гарднер (Вил Смит) е татко кој прави сѐ за неговиот син да биде среќен. За жал, животот сè повеќе го предизвикува. Малата плата на еден трговец не е доволна да ги плати сите сметки, па Крис и неговиот син се иселуваат од нивниот дом и талкаат по улиците. Крис наоѓа нова работа, но неговиот финансиски успех повторно му бега. Како и да е, тој не потклекнува и покрај сите околности, затоа што мора да остане силен за својот син.

Филм што ќе ве инспирира.

Најголемиот шоумен

Најголемиот шоумен е инспиративна и вистинска приказна за издигнување од сиромаштијата на еден фантазер кој успеа да докаже дека сè што можете да замислите е можно и остварливо и дека секој, колку и да изгледа дека е ‘невидлив’, има неверојатна приказна достојна за светски спектакл. Приказната на Барнум е класична приказна за снаодлив претприемач, кој успеа да се ослободи од сиромаштијата и не само што стана мајстор на една сосема нова уметност на имиџ и промоција, туку и еден од првите американски милионери што сам  го создал своето богатство.

Да се плати однапред

Дали знаете како да го промените светот на подобро? Малиот Тревор знае. Тој смисли шема преку која доброто треба да се шири низ целиот свет. На пример, започнувате да му помагате на некого и го замолувате наместо да ви се заблагодарува, да им помогне на тројца други, а секој од тие три лица треба да го направи истото. Може ли оваа шема да функционира? Тревор одлучува да провери и да започне синџир на добри дела.

Добра година

Еден млад и успешен менаџер, Макс Скинер, доаѓа во Франција да ја продаде куќата на својот покоен чичко. Тој сака да се ослободи од куќата што е можно поскоро, но открива дека тој не е единствениот што тврди дека тоа е негов имот. Новите пријатели и неверојатните настани прават главниот лик да сфати дека има работи поважни од моќ и од пари.

Мали жени

Приказната за четири млади жени кои се борат за свој живот, заснована врз романот со исто име и класика, е вечна и безвремена. Запознаваме четири сестри – Мег, Џо, Ејми и Бет Марч уште како девојчиња и тинејџерки кои во најранливите години останале да живеат сами со својата мајка Марми, моралниот столб на семејството, додека нивниот татко заминал да го даде својот придонес во Американската граѓанска војна. Вредностите што се вградени во нив во овој период, дури и порано, ќе ги следат во текот на животот, додека секоја од нив ќе се обидува да го најде своето место под сонцето.

Матилда

Брачна двојка добива симпатично девојче по име Матилда, слатко и исклучително интелигентно девојче кое е многу заинтересирано за училиште и за читање книги. Додека таа се труди да излезе на крај со суровоста на нејзините родители и директорката на училиштето, несвесно ги користи своите телекинетички моќи. Со текот на времето, ќе научи да ги контролира и ќе почне да ги практикува на директорката.

Животот на Пи

Ова е неверојатна приказна за животот на Пи, син на чувар на зоолошката градина. Заедно со семејството момчето се сели во Канада, но на половина пат бродот потонува. Пи преживува, но само неколку животни остануваат со него, вклучувајќи и тигар од Бенгал. Ова е исклучително убав филм кој нè учи како да се справиме со предизвиците што ни ги носи животот.

Мирољубив воин

Гимнастичарот Дан Милман има сè што му треба за среќен живот: награди, соиграчи, девојки и луди забави. Еден ден, неговиот живот се менува целосно. Дан преживува сообраќајна несреќа и се здобива со многу рани и модринки. Кога ја напушта болницата, тој се среќава со прекрасен човек по име Сократ, кој му отвора нов свет на човечки потенцијал. Денот се менува од корен и започнува нов живот.

Школо на животот

Нов наставник по името господин Д. пристигнува во средното училиште Фалбрук, и сите стануваат луди по него. Учениците го сакаат, како и другите наставници – освен г. Ворнер. Г-дин Ворнер се натпреварува за Учител на годината, но со доаѓањето на младиот учител, неговите шанси драматично се намалуваат. Меѓутоа, г. Ворнер не е подготвен да се откаже, па му објавува војна на новиот учител. Господин Д. има тајна која никој не ја знае, а тоа ќе го смени животот на училиштето.

Повикот на дивината

Ова е приказна за Бак, куче со големо срце, чиј живот бил свртен наопаку, кога тој наеднаш е преместен од неговиот дом во Калифорнија и се сели длабоко во срцето на Алјаска за време на златната треска од 1890-тите. Како новодојденец во тимот на кучиња за доставување на пошта – а подоцна и нивен водач – Бак продолжува со својата животна авантура, конечно го пронаоѓа своето вистинско место во светот и станува господар на сопствената судбина. Ѕвездите на филмот се легендарните Харисон Форд, Ден Стивенс, Омар Си, Карен Гилан, Бредли Витфорд и Колин Вудел.

Приказната за Рон Кларк

Ова е предупредувачка приказна заснована на вистински настани што нема да остават никого рамнодушен. Помлад и активен наставник Рон Кларк се сели во Њујорк и добива работа во училиште во кое се школуваат деца одобласти во  неповолна положба. Наставниците, родителите, па дури и учениците мислат дека сите ги мразат, сите освен Рон. Тој ја користи целата своја страст за пренесување на знаење и најновите начини за да ги инспирира децата и да вгради желба за знаење во нивните срца.

Фото: Пинтерест

[better-ads type='banner' banner='999' ]