Едно неодамнешно истражување на организацијата „OnePoll“, спонзорирано од Mixbook, покажало дека повеќето родители сметаат дека втората, третата и четвртата година се само вовед во она што го носи осмиот роденден. Тогаш децата се доволно големи, имаат своја личност и став и се чувствуваат доволно независни, но сепак сакаат да го завршат денот со прегратка од мама или тато. Покрај тоа, нивното тело веќе полека се подготвува за пубертет и хормоните што доаѓаат со него, пишува Parents.
Всушност, осмата година од животот на детето е толку тешка што дури две илјади рдители кои учествувале во оваа анкета се согласиле со тоа, а истакнале дека шестата година била многу подобра од очекуваното.
Осумгодишниците можат да бидат тврдоглави и инаетливи, да трескаат со вратите и да превртуваат со очите во настојувањето да ја остварат својата независност и индивидуалност.
Вообичаено е и да се однесуваат како исполнувањето на нивните обврски да е рамно на мачење, а не им е туѓо ниту игнорирањето на родителите. Затоа, родителите мораат да имаат многу трпение, но и да бидат спремни на бројни главоболки. Но, она најважното, секогаш треба да имаат на ум дека нивните деца дури и после многу напорен и тежок ден сепак само сакаат прегратка.
Иако е тешко да се одгледуваат осумгодишници, запомнете дека е понекогаш и тешко да се биде осумгодишник.
Фото: Pexels