Вклучете се во најголемата лекција на светот: Прашајте ги постарите како беше во нивно време!

Денеска, на Денот на планетата Земја, одиме дигитално. Направивме нов план за лекција во соработка со Google Earth за да им помогнеме на учениците да ја заштитат планетата од дома - велат од World’s Largest Lesson. Ги покануваме учениците да се поврзат со постар роднина, преку Интернет или преку телефон и да се вклучат во разговор за климатските промени. Како се смени светот од времето кога тие беа млади?

0
233

Време е за разговор за тогаш и сега. Во оваа активност ги покануваме учениците да се поврзат со постар роднина, преку Интернет или преку телефон и да се вклучат во разговор за климатските промени. Како се смени светот од времето кога тие беа млади? Учениците потоа можат да ги нацртаат своите видувања на тогашното и сегашното и да ги споделат своите цртежи!

Ова е предлогот на World’s Largest Lesson (Најголемата светска лекција) која им носи глобални цели на децата од целиот свет и ги обединува во преземањето акција. Тие порачуваат: Воведете ги целите за одржлив развој помеѓу децата и младите насекаде и обединете ги во акцијата за остварување на 17 глобални цели за одржлив развој за да ги постигнете овие 3 извонредни работи до 2030 година:

Крај на екстремната сиромаштија

Борба против нееднаквоста и неправедноста

Победа над климатските промени.

Побарајте ја ТУКА најголемата светска лекција и вклучете се и вие со своите деца на возраст од 8 до 14 години.

Што се Глобални Цели за одржлив развој?

Целите за одржлив развој се цели кои земјите членки на Обединетите нации ги поставија во 2015.година и се обврзаа да ги инкорпорираат во своите политики и агенди во следните 15 години, со цел до 2030. светот да стане подобро место за живеење. ЦОР се дел од планот за акција на ОН со цел да се искорени сиромаштијата, да се заштити планетата, да се промовира просперитет и да се обезбеди мир за сите во светот.

Агендата 2030 содржи три главни димензии кои се насочени кон исполнување на Целите за одржлив развој и тоа:

1. Универзалност – Целите се однесуваат на сите луѓе и сфери на општење. Тоа ги опфаќа сите градови, бизниси, организации и училишта и сите останати кои ќе се соочат со предизвикот да делуваат;
2. Интеграција – Целите се поврзани во заеднички систем. Една придонесува за друга и обратно. Немаме задача да постигнеме само една цел. Мора да ги постигнеме сите!
3. Трансформација – Остварувањето на овие цели бара и вклучува правење на големи и фундаментални промени во начинот на кој живееме на нашата планета.

Глобалните цели за одржлив развој се 17 на број и тоа:

UN-Booklet Global Goals MK-page-006 Ставање крај на сиромаштијата насекаде во сите нејзини форми
UN-Booklet Global Goals MK-page-008 Да се стави крај на гладта, да се постигне безбедност на храна и подобрена исхрана и да се промовира одржливо земјоделство
UN-Booklet Global Goals MK-page-010 Да се обезбеди инклузивно и правично квалитетно образование и да се промовираат можности за доживотно учење за сите
UN-Booklet Global Goals MK-page-012Да се обезбеди инклузивно и правично квалитетно образование и да се промовираат можности за доживотно учење за сите
UN-Booklet Global Goals MK-page-014 Да се постигне родова еднаквост и еманципација на сите жени и девојчиња
UN-Booklet Global Goals MK-page-016 Да се обезбеди достапност и одржливо управување со водите и санитарни услови за сите
UN-Booklet Global Goals MK-page-018 Да се обезбеди пристап до прифатлива, сигурна, одржлива и напредна енергија за сите
UN-Booklet Global Goals MK-page-020 Да се промовира непрекинат, инклузивен и одржлив економски раст, целосно и продуктивно вработување и пристојна работа за сите
UN-Booklet Global Goals MK-page-022 Градење на отпорна инфраструктура, промовирање на инклузивна и одржлива индустријализација и поттикнување на иновации
UN-Booklet Global Goals MK-page-024 Да се намали нееднаквоста во и помеѓу земјите
UN-Booklet Global Goals MK-page-026 Градовите и човечките населбите да се направат инклузивни, безбедни, отпорни и одржливи
UN-Booklet Global Goals MK-page-028 Да се обезбеди одржлива потрошувачка и производство
UN-Booklet Global Goals MK-page-030 Да се преземат итни мерки за борба против климатските промени и нивното влијание
UN-Booklet Global Goals MK-page-032 Зачувување и одржливо користење на океаните, морињата и морските ресурси за одржлив развој
UN-Booklet Global Goals MK-page-034 Заштита, обновување и промовирање на одржливо користење на копнените екосистеми, одржливо управување со шумите, борба против опустинување, запирање и реверзија на деградација на земјиштето и запирање на губењето на биолошката разновидност
UN-Booklet Global Goals MK-page-036 Промовирање на мирољубиви и инклузивни општества за одржлив развој
UN-Booklet Global Goals MK-page-038 Јакнење на средствата за спроведување и ревитализација на глобалното партнерство за одржлив развој

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]