Листа од супернамирници за бебиња

Со цел да му го обезбедиме на нашето дете најдоброто и да го поттикнеме неговиот здрав раст и развој, најважно е да му обезбедиме намирници кои се богати со нутриенти.

0
348

Бидејќи имаат мали стомаци, бебињата не јадат многу, па затоа е многу важно сите намирници што ќе ги изедат да бидат богати со хранливи материи.

Кои се овие супер намирници што се одлични за здравјето на бебето? Погледнете.

Кога бебето може да јаде супер храна?

Генерално, списокот на овие намирници се однесува на бебиња од 6 месеци и постари. Некои видови храна може да се внесат во исхраната и пред шестиот месец, ако е бебето подготвено за нив. Запомнете дека не треба да внесувате цврста храна во исхраната на вашето бебе пред четвртиот месец, па затоа е многу важно да разговарате со вашиот педијатар за тоа кои намирници треба да се воведат.

Суперхрана за бебиња

  1. Банани

Тие содржат многу јаглени хидрати, кои му обезбедуваат енергија на бебето. Покрај тоа, богати се со растителни влакна, па затоа му помагаат на дигестивниот тракт на бебето. Додека за малите деца треба да ги испасирате бананите добро, на поголемите можете да им ги исечкате за да ги земаат со прстите.

  1. Слатки компири

Слатките компири се богати со калиум, витамин Ц, растителни влакна и бета-каротин, антиоксиданс кој спречува многу видови на рак и се бори со слободните радикали. Повеќето бебиња повеќе сакаат слатки компири од другите зеленчуци затоа што имаат природно посладок вкус. Сварен и испасиран, слаткиот компир може да биде одлична кашичка за бебињата што започнуваат со цврста храна.

  1. Авокадо

Авокадото има најголемо количество протеини од кое било друго овошје. Покрај тоа, богато е со моно незаситени масти. Овие се добри масти, кои помагаат да се спречат срцевите заболувања. Авокадото што му го давате на вашето бебе треба да биде зрело, излупено и добро испасирано.

  1. Јајца

Белките му овозможуваат на бебето протеини, додека жолчките содржат витамини А, Д, Е и Б12. Тие исто така содржат холин, за кој истражувањата покажале дека се клучни за развојот на мозокот. Традиционално, педијатрите препорачуваат да не му давате на вашето бебе јајца, особено белка од јајца, пред првата година, поради потенцијални алергиски реакции. Меѓутоа, тој совет сега е изменет затоа што експертите веруваат дека јајцата треба да се воведат подоцна само кај оние деца со историја на алергии во семејството. Треба да се консултирате со вашиот лекар за повеќе информации и совети за исхраната за вашето бебе.

  1. Моркови

Богати се со бета-каротин, кој се претвора во витамин А и игра важна улога во растот и развојот на видот. Кога ќе се сварат, се потенцира нивната сладост, поради што на бебињата многу им се допаѓа. Кога готвите, проверете дали се доволно омекнати.

  1. Јогурт

Му обезбедува на бебето калциум, протеини и фосфор, што е важно за силни коски и заби. Покрај тоа, јогуртот е пробиотик, еден вид бактерија која го подобрува варењето на храната и го зајакнува имунитетот. На бебињата им требаат маснотии, затоа изберете јогурт направен од полномасно млеко наместо јогурт со помалку маснотии. Избегнувајте јогурти со вкусови бидејќи се преполни со засладувачи.

  1. Сирење

Не само што содржи протеини, богато е со калциум и здрава количина на рибофлавин (Витамин Б2), кој им помага на протеините, мастите и јаглехидратите да се претворат во енергија.

  1. Житарки

Богати со железо, тие му даваат на бебето сè што е потребно за да расте и да се развие. Бебињата се раѓаат со одредена количина железо, но таа се троши до 5-6 месец. Ако допрва воведувате цврста храна, експертите сугерираат оризови цереалии, бидејќи другите може да предизвикаат алергиска реакција.

  1. Пилешко

Богато е со протеини и витамин Б6, кој му помага на организмот да ја користи енергијата од храната. Важно е бебето да внесува соодветна количина на протеини за да се поттикне нејзиниот правилен раст. Ако не го сака вкусот, измешајте му го со овошје или зеленчук.

  1. Црвено месо

Тоа го обезбедува железото што лесно се апсорбира, што им помага на црвените крвни зрнца да го пренесат кислородот до мозокот и да му помогнат да се развие. Можете да им го давате на помладите бебиња испасирано, додека постарите деца можат да го јадат добро зготвено и ситно исечкано.

  1. Тиква

Бебињата го сакаат нејзиниот сладок вкус. Покрај тоа, таа содржи бета-каротин, витамин Ц, калиум, влакна, фолат, Б витамини, па дури и некои омега-3 масни киселини.

  1. Риба

Мрсна риба, како лососот, е полна со есенцијални масти и витамини кои се раствораат во нив, што помага во развојот на мозокот, видот и имунитетот. Белата риба, исто така, има дополнителна количина на протеини во неа. За воведувањето на рибата разговарајте со вашиот педијатар затоа што таа може да предизвика алергиска реакција.

  1. Домат

Тоа е одличен извор на ликопен, антиоксиданс кој спречува карцином и срцеви заболувања. Науката покажа дека ликопенот многу поефикасно се апсорбира во организмот ако доматите сезготват со малку масло.

  1. Грашок

Богат е со витамин К, кој заедно со калциумот ги зајакнува коските. Исто така, содржи витамини А и Ц, фолна киселина, растителни влакна и витамини од Б групата.

  1. Брокула

Таа е вистинска супер храна за бебињата заради неговата висока содржина на витамин Ц, бета-каротин, фолна киселина, железо, калиум и растителни влакна. Бидејќи со готвењето во брокулата се намалува количината на витамин Ц за половина, најдобро е таа само многу кратко да се свари во зовриена вода само 1-2 минути. Ако на вашето бебе не му се допаѓа вкусот, измешајте го со малку посладок зеленчук, како што е слаткиот компир или тиквата.

  1. Малини

Тие содржат елагинска киселина, која штити од карцином. Од сите овошја, малините имаат најмногу влакна во малку калории.

  1. Интегрален ориз

Обезбедува енергија и некои протеини, Б витамини, минерали. Тој е многу побогат од белиот ориз, кој губи голема количина минерали за време на обработката. Скробот од овој ориз побавно се апсорбира, такашто му обезбедува на телото глукоза за создавање енергија.

Фото: Freepik

[better-ads type='banner' banner='999' ]