Татко му послужува на синот оброци што би ги посрамиле и најдобрите ресторани (ВИДЕО)

Татко и син се главните ѕвезди на новиот Инстаграм профил на кој Џејсон Бут, еден од најпознатите сомелиери во Калифорнија, секој ден облечен како келнерите во најскапите ресторани, во кусо видео му послужува на својот син специјално подготвена храна.

0
419

И покрај тоа што повеќето американски ресторани се затворени како резултат на пандемијата на „ковид-19“, едно дете сепак добива услуга со пет sвезди, и тоа од удобноста на своето столче за хранење. Среќното бебе го носи името Џона, а за услугата е задолжен неговиот татко Џејсон Бут, еден од најпознатите сомелиери во Калифорнија.

Тие двајца се главните ѕвезди на новиот Инстаграм профил на кој Џејсон, секој ден облечен како келнерите во најскапите ресторани, во кусо видео му послужува на својот син специјално подготвена храна.

Серијата се вика L’Dad’s Chateau, а со Џона, повремен гостин на ресторанот е и семејното куче.

Иако снимките станале вирални во рекордно време, гостите во ресторанот не се секогаш воодушевени од јадењето па понекогаш снимањето непланирано завршува порано.

Овој татко за време на карантинот на овој начин си нашол ангажман за себе и за неговото семејство, а неговиот хумор и слаткото опкружување на овој ресторан доби многу обожаватели.

Фото: Инстаграм

[better-ads type='banner' banner='999' ]