Најголем предизвик за време на пандемијата, покрај потрагата по лек, е како децата да го задржат ритамот во учењето.
Иако се воспоставени начини на работа и учење од дома, некои деца имаат потреба од дополнителна помош што можат да ја добијат само кога зборуваат со наставникот, што сега е невозможно заради состојбата на самоизолација.
Кога ученичката во шесто одделение му се пожалила на својот наставник дека не знае како да ја реши задачата, наставникот Крис Воба од Јужна Дакота, САД, не само што одговорил на нејзината порака, туку дошол пред нејзината куќа опремен со мала табла и маркери, објаснувајќи ѝ го процесот на решавање на задачата преку стаклената врата.
Сето ова го снимил таткото на ученичката, Џош Андерсон и го споделил на социјалните мрежи.
Фото: Твитер