Младоста не заштитува од вирусот

Пред да ја напуштите куќата следниот пат за време на пандемијата без неопходна потреба, како на пример, да се снабдите со храна, размислете уште еднаш.

0
151

Теоретски, најмногу причини за страв од вирусот кој ја парализираше планетата имаат оние над 65 години и хроничните пациенти на кои се дијагностицирани астма, дијабетес, срцеви заболувања, карцином. Во реалноста, иако поретки, се случува и младите и здрави луѓе кои ќе се заразат со вирусот да завршат фатално.

Претходните истражувања, кои користеа податоци од пациенти во Вухан, кадешто беше регистриран првиот случај, покажаа дека 80 проценти од смртните случаи биле кај луѓе над 65 години, а најтешките состојби биле забележани кај оние во 80-тите. Кај младите луѓе, симптомите на Ковид-19, кои се предизвикани од коронавирусот се благи или целосно отсутни. Ова е, велат експертите, причината поради која тој се шири толку брзо – луѓето не се свесни дека се носители на вирусот и нормално си функционираат, пренесувајќи го вирусот преку парите со кои плаќаат, прегрнувајќи го драгиот пријател што ќе го сретнат, дури и непознатите лица кој после нив ќе влезат во лифт и ќе го притиснат копчето.

Во изминатиот месец медиумите од целиот свет известуваа за млади кои ги игнорирале препораките и апелите за одржување на т.н. социјална дистанца. Со оглед на тоа што очигледно не секој ја разбира сриозноста на состојбата во која се наоѓа планетата и со која се соочува човештвото, директорот на Светската здравствена организација Тедрос Адхан Гебрејесус неодамна ги предупреди младите и здравите луѓе дека не се несовладливи за време на пандемијата на вирусот.

Иако постарите се најтешко погодени, не се поштедени ниту младите, истакна тој.

Податоците кои стасуваат од Америка ги потврдуваат неговите зборови: смртните случаи се најголеми кај пациентите над 85 години, но истражувањето на Центарот за контрола и превенција на болести открило дека во случаите на 508 хоспитализации, 38 проценти се значително помлади лица, на возраст меѓу 20 и 54 години.И не само тоа, туку половина од пациентите примени во одделот за интензивна нега биле возрасни лица помлади од 65 години.

Секој е потенцијално загрозен. Да, шансите се полоши кај постарите. Сепак, секогаш кога некој ќе се зарази, започнува борба помеѓу вирусот и имунолошкиот систем на тој човек. И, не можете да кажете кој точно ќе победи, бидејќи генетиката и многу други фактори што сè уште не ги разбираме, влегуваат во игра – вели д-р Стивен Грифин од Институтот за медицински истражувања во Лидс.

„Видовме луѓе во 20-тите и 30-тите години како умираат од овој вирус“, напоменува педијатрискиот инфектолог д-р Натали МекДермот од колеџот Кингс во Лондон и додава дека некои од нив имале претходни хронични заболувања, но некои немале.

Значи, ако не се придржувате до препорачаните мерки, ако сте невнимателни и се движите повеќе од она што е потребно и не ве интересира дека можете да ја загрозите вашата или нечија друга баба од 70 години, ако не ве интересира тоа што вирусот што можеби го носите може да стаса до некоја млада мајка која има тешка астма, ако не се грижите премногу затоа што би можеле да заразите дијабетичар, нечиј татко кој едвај чека да стане нечиј дедо, можеби би можеле да размислите за судбината на Адам Харкинс Саливан, млад и здрав човек од 28 години. татко на седумгодишно момче, навивач на Арсенал, за кој неговата мајка вели дека секогаш јадел зеленчук, а кој починал од овој вирус.

Мислам дека секој треба да биде внимателен, истакнува Стивен С.Морс, професор по епидемиологија на Унверзитетот Колумбија. Нема да бидат жртви само постарите од 60 години. Ќе има и луѓе од 20 и повеќе години. Мораат да бидат внимателни, дури и ако се уверени дека се млади и здрави.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]