СЗО издаде препораки за родителите за време на пандемијата на коронавирус

Изолацијата во своите домови гкедајте ја како можност за зајакнување на односите со вашите деца и тинејџери. Ова е советот од Светската здравствена организација (СЗО) од кадешто објавиле и брошура со совети за родителите, на кој начин да го направат забавно времето што го поминуваат со своето дете.

0
716

Иако затворањето во домот предизвика вознемиреност кај многумина, затворањето на градинките и училиштата треба да се смета како можност за зајакнување на односите со вашите деца и тинејџери. Ова е совет на Светската здравствена организација (СЗО) кои објавиле и брошура со совети за родителите, на кој начин да го направат забавно времето што го поминуваат со своето дете.

„Тоа ќе ги натера вашите деца да се чувствуваат сакани и безбедни и ќе им покажете дека се важни за вас“, велат експертите на СЗО.

Нивниот прв совет е да одвоите време во денот кога ќе му се посветите на вашето дете.

„Тоа може да бидат и само 20 минути, но и подолго – зависи од вас. Може да биде секој ден во исто време, такашто децата и тинејџерите да можат да му се радуваат на тој момент”, наведуваат тие, додавајќи дека е препорачливо целосно да му се посветите на детето и да го прашате што сака да прави.

Исто така, важно е да не се занемаруваат бебињата и малите деца. Можете да ги имитирате нивните изрази и гримаси, да им пеете песни или да „свирите“ користејќи тенџериња и лажици, да редите коцки или да им раскажувате приказни, да им читате книги и да гледате фотографии.

Со помалите деца, исто така можете да читате книги, да цртате, да танцувате и да пеете, заедно да извршувате некои домашни работи или да им помогнете во домашните задачи.

Кога станува збор за тинејџери, некои од идеите се да разговарате за теми што ги интересираат, заедно да готвите оброци или да вежбате.

Слушајте го вашето дете, гледајте го. Обрнете му целосно внимание. Забавувајте се “, повикуваат од Светската здравствена организација и советуваат во тоа време да ги исклучите вашите телевизори и мобилни телефони.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]